ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шекеринска во Дебар: Домашна картичка ќе добијат и пензионерите со ниски пензии

June 29, 2020 20:11
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епидемијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави денеска во Дебар носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборнаа единица и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа попладнево во Дебар де се сретна со граѓани, но и со поголем број сопственици на деловни објекти, по што одржа и трибина пред седиштето на огранокот на СДСМ.

-Ве повикувам да продолжиме со успесите постигнати во изминатите години од кога СДСМ е на власт. До победа, разум и разбирање, до чист мандат со кој ќе можеме да формираме Влада и да избереме ние со кого ќе коалицираме, рече меѓу другото Шеќеринска пред граѓаните.

Во изјвата за медиумите таа нагласи дека цел на новата влада предводена од СДСМ ќе биде фокусирање во нова развојна економија, која ќе создава повеќе подобро платени работни места.

– Како што упеавме да ја покачиме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, немаме дилеми дека сега можеме уште повеќе и уште подобро и на крајот на нашиот мандат таа ќе изнесува 20.000 денари. Заедно со минималната ќе расте и просечната плата и нашата цел е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари. За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која ќе ја насочиме кон нашите компании. Тие ќе може да сметаа на 600 милиони подршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет а 300 од европските фондови, рече Шекеринска.

Таа посочи дека 2,2 милијарди евра ќе бидат насочени во јавни инвестиции.

– Наша цел е да ги заживеме сите краеви, да упееме да ги здржиме младите во сите општини, влучително и Дебар, каде што денеска се наоѓам. Мора да инвестираме во подобри плати, во подобри работни места. Новата развојна економија што ја нудиме се базира на нашите резултарти постигнати до сега, но е поамбициозна, што значи повеќе пари за граѓаните и повеќе можности за младите, рече Шекеринска.

Носителката на листата на коалицијата предводена од СДСМ во ИЕ 5 потенцираше дека со четвртиот пакет Владата предвидува кредитните картички кои сега беа на располагање на одредни категории на граѓани да опфатат уште две групи.

– Едната група се невработени лица кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување и тие ќе имаат шанса да добијат кедитна картичка. Втората категорија ќе бидат сите пензионери со пензии под 15.000 денари.Тоа ќе значи дополнителни пари кај граѓаните но во исто време и подршка на домашните производи, најави Шеќеринска.

Обезбедивме 550 милиони евра само во трите сета економски мерки и не дозволивме да запре и да се заклучат многу фирми. Денеска и во Дебар имав прилика да разговарам со многу сопственици на мали фирми, на дуќани и сите без исклучок сите оние кои ги исполнувале условите, без ниту еден збор, без никаков притисок, без ниту еден видлив или невидлив услов успеале да ја добијат подршката за работни места од страна на Владата. Навистина ми е задоволство што покажаме дека државата во вакви моменти може брзо и ефикано да фукцинора.Така спасивме многу работни места,подржавме многу наши добри фирми, нагласи Шекеринска.

Пред присутните се претстави и Мирнес Абазовски, кој е кандидат за пратеник на листата на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица од Дебар.

Инаку, жителите од Општина Дебар, на овие избори првпат се дел од ИЕ 5. До сега неколку избирчаки места беа во оваа, а повеќето во ИЕ 6.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk