ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Силјановска со кованицата „Северџани“ си го закова својот „независен авторитет“

June 30, 2020 20:48
in ESPRESSO, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Гордана Силјановска Давкова, носителката на ИЕ 1 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со експлицитен говор на омраза на својот Фејсбук профил, не само што ги навредува своите политички противници, туку го навредува и македонскиот народ етикетирајќи ги како „Северџани“. Се обидела професорката да биде духовите, но во суштина си ја покажала вистинската страна која мора да се признае се до овие избори, колку-толку успеваше да ја сокрие. Но, не повеќе. Со овој нејзин пост, Гордана Силјановска Давкова си го покажа вистинското лице и докажа дека е вистински кадар на ДПМНЕ прв во првата Изборна единица. Можеше барем до сега да им мачка очи на сите што не сакаа да видат од кој ков е всушност професорката, но со кованицата „Северџани“ што ја употреби, нејзиниот фин професор-докторски авторитет отиде „по вода“ заекогаш.

Заев почна да снима акциони филмови за Дивиот запад, од типот „ Добар, грд, лош“. Мила и Димитров ги гледаат во изборен пар, од кола, а Рада ја коментира Заевата „неприкосновена“ популарност кај Северџаните, навестувајќи нови успешни улоги- бомби!, стои во последниот пасус на постот од Силјановска давкова

Снимка од екран. Говор на омраза на пост на Фејсбук од Гордана Силјановска дафкова

Фината умерена професорка, етикетира со кованица што е говор на омраза подеднакво навредлив како што е: „шиптар“, „циган“„црнчуга“ и верувајте покрај сета онаа писмена професорска и докторска наобразба, свесна е за употребата на „Северџани“ во тој лош контекст. И она што го коментира за Димитров и Царовска во предизборен пар во кола има невкусни елементи во изразот за една “независна професорка“, но она „Северџани“ ги надминува сите граници. Внимавајте, не зборуваме тука за некој шестокласен партиски полтрон што се нашол од немај-каде на изборните листи, туку овде станува збор за носителката на ИЕ 1, што значи број еден понуда на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје.

Пред овој „Северџански шуто рогат“ пост на Силјановска, на социјалните мрежи осамна слика од екран за која не можам да потврдам веродостојност на која наводно Силјановска пишува:

Заложба ми е паркот да остане преполн, со исклучок на наркоманите и алтернативките кои го уништуваат ова наше природно богатство.

Тука „наркомани“ и „алтернативки“ се спомнуваат во крајно негативен и исклучив контекст.

Веродостојноста на постот „наркомани и алтернативки“ сепак е дискутабилна, зашто во оној Фејсбук пост што сега стои на нејзината официјална страница, е со сосема друга содржина и нема говор на омраза. Се обидов да го најдеме изворот на принтскринот и кој прв објавил, но безуспешно. Дали се работи за манипулативна фотомонтажа на веродостојниот пост, или ова што го гледаме е првична објава, па потоа е избришана и поставена друга со корегиран текст, останува непознато. Она што може да се забележи од сегашниот пост каде нема говор на омраза е дека не е едитиран.

Но, со оглед на веродостојноста на „шуто и рогатиот Северџански“ постот која снимка од екран лично ја направив и речникот што го употребува Гордана Силјановска Давкова, носителката на ИЕ 1, остава широк простор за сомневање дека сепак  со оглед на ова,„наркомани и алтернативки“ може и да е веродостоен. Но, ајде ова да го оставиме дека е шпекулација и монтажа, па затоа и нема да ја поставам тука таа снимка од екран..

И сега, што останува друго?

Останува или да веруваме во она што госпоѓа Силјановска Давкова упорно се обидува да ни го покаже и докаже, а тоа е дека таа е вистинскиот кандидат на ДПМНЕ, поткована со вокабулар својствен на нискоразредните пулени од белата палата, или пак, да веруваме на приказните за фината и добра професорка од правен факултет во чиј вокабулар, нели, не е можно да има таков низок говор на омраза („Северџани“), како што впрочем на очиглед на цела македонска јавност може да видиме на нејзината официјална Фејсбук страница.

Останува и да не се сеќаваме дека синот на Силјановска во време на владеењето на Никола Груевски неколку години бил член на Управен одбор. Добро се сеќавам дека сите одбивавме да веруваме дека тој човек со кавалот, вљубеник во природата и син на Силјановска, си цицал благодет од Грујо и режимот. Не верувавме, ама се докажа дека навистина цицал месечни надомести неколку години и си свирел.

А, можеби најдобро и најбезболно е да го хејтаме Саше Политико што и се вдаде со директни прашања на Силјановска, а таа наместо да одговори му поставуваше контра прашања во стилот „не е од тука“, не слушнала (а слушнала), независна била… Независна?!

Никако не можам да си објаснам во што е проблемот што некои упорно одбиваат да поверуваат дека онаа претстава што си ја имале за професорката Силјановска од студентските денови, не е истата и за политичарката, или човекот Силјановска (носител на листите за пратеник и за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ) што е денес. Искрено, ич не се сомневам дека била или е добар професор, но само ќе ве потсетам дека исто така добар професор според исказот на многу студенти бил и бившиот ни „амнестирачки“ претседател Ѓорге Иванов, па се сеќавате таа негова „професорска добрина и питомост“ до каде не донесе. Можам да ви редам вакви професори и доктори до утре сабајле, ако сакате. Па, побогу драги мои, еден Латас и Груевски се доктори на науки, а Урко е магистер.

Таа безрезервна би рекол и вазална верба во титули и авторитети ја има многу и сега и во историјата, но такво поимање не треба да е својствена на слободарски светоглед и навистина многу ми е интересно и се чудам кога ја гледам кај луѓе професионалци, кај активисти и борци за права, кај слободари по дух, кај мои луѓе…. луѓе мои.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕГордана Силјановска ДавковаФејсбук

НАЈНОВО

Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

May 19, 2025

Низа земјотреси на грчкиот остров Евија – најсилниот 4,5 степени

May 19, 2025

Рубио: Првите разговори меѓу Русија и Украина не беа целосно губење време

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk