Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вечерашниот митинг рече дека Гоце Делчев соработувал со албански и македонски патриоти, додавајќи дека не се кае за тоа што изјавил дека треба да се почитува неговата мисија, односно како што вели тој – делчевизмот, пренесува ТВ21 .
„Со Гоце Делчев соработувале Албански патриоти и заедно работеле со Македонците за да ги решаваат проблемите на сите граѓани. Затоа мојата порака за младите политичари во оваа држава ќе биде, така како што гледав на дебата, како прават обиди за хегемонија за едно цврсто обединување меѓу тие двајца, само и само премиер да не биде Албанец“, изјави Али Ахмети.
Ахмети од Скопје додава дека Делчев говори држел и пред Албанците со кече на главата.
„Ако имаат малку почит за Гоце Делчев, нека разберат дека тој со кече на главата држел говори пред Албанците. Ако се наследници на Гоце Делчев оваа кандидатура треба да ги направи среќни. Ако се наследници на Гоце Делчев кој ги обединувал луѓето и не ги двоел. Ги молам сите да се присебни, затоа што Албанец премиер не само што ќе ја зајакне безбедноста и мирот, туку ќе ја подобри и економијата во земјата“, додаде Ахмети.
Лидерот на ДУИ ова го истакна на своето обраќање, вечерва на Камениот мост во Скопје.