ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес

Во однос на минатогодишните претседателски избори, сега за 0,59 проценти има поголема излезност до 17 часот.

July 15, 2020 18:36
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање излегле 703.597 лица со право на глас или одѕивот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

– Очекувам до крајот на денот граѓаните да го остварат своето гласачко право и да ја легитимираат идната власт и целиот изборен процес, рече Дерковски на прес-конференцијата.

Изборниот ден, како што посочи, минува мирно, со мали, спорадични инциденти.

-Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битола, каде по проверка и интервенции се надминале проблемите и гласањето продолжило со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче бил санкциониран од страна на МВР.

Исто така, гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано. Такви слични инциденти во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат, рече Деркоски, во одговор на новинарско прашање.

Во споредба со последните парламентарни избори во 2016 година кога одѕивот до 17 часот бил 60,41 процент, сега излезноста е помала за 21,63 проценти. Во однос на минатогодишните претседателски избори, сега за 0,59 проценти има поголема излезност до 17 часот.

Четвртата изборна единица сега има највисока излезност од 43,99 проценти, а Шестата изборна единица и понатаму останува со најниска излезност од 29,6 проценти.

Во Првата изборна единица излегле 127.007 гласачи или 41,07 проценти, во Втората 118.270 гласачи или 36,98 проценти, во Третата 122.182 гласачи или 43,87 отсто и во Четвртата 43,99 проценти или 124.276 гласачи. Во Петтата изборна единица на гласање излегле 120.184 гласачи или 38,33 отсто, а во Шестата 91.678 гласачи или 29,6 проценти.

Висока излезност во Првата изборна единица има во Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Центар, а во Втората во Бутел, Ѓорче Петров и Куманово.

Во Третата изборна единица во повеќе општини има солидна излезност, како на пример во Крива Паланка каде одѕивот е 58,7 проценти, по што следуваат Берово, Лозово и Македонска Каменица.

Во Четвртата изборна единица висок одѕив има во Дојран, Демир Капија, Прилеп и Струмица, а во Петтата во Битола, Кичево, Крушево, Охрид, Струга и Ресен.

Во Шестата изборна единица поголема е излезноста во Тетово во споредба со Гостивар, а од помалите општини највисок одѕив има во Јегуновце./МИА/

Next Post

Пријавени инциденти на избирачки места во Кичево, Прилеп, Дебар и скопски Аеродром

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk