На официјалната страна на Државната изборна комисија во текот на целиот ден редовно се обновуваа бројките за излезноста на денешните предвремени парламентарни избори и откако изборниот ден официјално заврши во 21.00 часот, сега се чекаат и првите бројки од гласањето.
Мониторинг тимови низ државата забележаа низа спорадични нерегуларности, но изборниот ден генерално поминал мирно и без прекини во гласањето.
Според страната на ДИК, излезноста на изборите е 50,84%, а според последните информации обновени нешто пред 21 часот на страната, најголема излезност на гласачи имало во четвртата изборна единица, 59.78%.
А. Н. С.