Генералниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 3, Љупчо Николовски, на прес-конференција по завршување на изборниот ден, одговори на прашања на новинари за очекувањата од изборите, но и слабата излезност во шестата изборна единица.
Николовски потенцираше дека и ДИК веќе ја потврди излезноста над 50%, а нагласи и дека првичните информации кои стигнуваат до него од избирачките места, покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата Можеме.