Од информации до кои дојде Фронтлајн, од досега обработени 33% од податоците, СДСМ и коалицијата Можеме се во водство пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
На 33% обработени податоци, СДСМ води со 3 пратеници разлика и како што јавуваат нашите извори, трендот е постојано растечки!
Исто така, дознаваме дека во Делчево СДСМ води со 1000 гласови разлика, а во Крушево со 600.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на прес-конференција по завршувањето на гласањето рече дека од првични информации кои стигнале до него, коалицијата Можеме предводена од СДСМ е во убедливо водство.
Д.Е