На GooglePlay е достапна првата верзија на мобилната апликација „Дигитален речник на македонскиот јазик“.
Апликацијата е дигитален речник на современ македонски јазик која вклучува и синоними, примери и преводи на англиски и албански јазик. Од она што може да се забележи, апликацијата е доста едноставна за користење и прегледот е многу чист.
Направена е од тимот на порталот makedonski.info, а може да ја преземите од ТУКА.
Ј. Ѓ.







