ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Србија со најголем број на позитивни туристи од ковид-19 во Грција

July 21, 2020 16:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Од 295 позитивни случаи кај туристите во Грција, 76 отсто, односно 225 се од балканските земји, а Србија е прва со најголем број заразени меѓу „увезените случаи“на Ковид-19, согласно податоците што денеска ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Хардаљас објасни дека од 1 до 19 јули, односно од отворањето на границите, во Грција влегле 918.032 лица, од кои мнозинството, над 620.000 се туристи кои авионски пристигнале во земјата. Биле направени вкупно 127.900 тестови на туристи и откриени 295 позитивни случаи, од кои 186 се од копнените граници .

Од позитивните случаи кај туристите 53 се активни, 207 се вратиле во нивните земји, а 35 случаи не се повеќе активни и остануваат во Грција.

-Во однос на потеклото на случаите, први пет земји со најмногу случаи беа Србија со 78 случаи, Бугарија со 63, Романија со 61, Албанија со 23 и Соединетите Американски држави со шест. Карактеристично е тоа што 225 од 295, односно 76,27 отсто беа од четирите пријателски соседни балкански земји, објасни заменик-министерот за цивилна заштита на Грција на денешната прес конференција.

За Грција, рече дека од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.007 позитивни случаи, од кои 435 се активни, 1.030 биле отпуштени од болница, 2.347 оздравеле по домашно лекување, а починаа 195 лица.

Говорејќи за мерките за заштита од коронавирусот, Хардаљас објасни дека онаму каде што е потребно да бидат преземени дополнителни мерки, ќе го сторат тоа, истакна дека не постои план за целосен карантин и додаде дека според него, засега, тешко е да има некаков вид на локални карантини.

Во однос на традиционалните грчки фестивали со жива музика, таканаречените панаѓури кои се забранети до крајот на јули, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, рече дека неговиот личен став е дека забраната треба да продолжи до крајот на летото.

Паралелно, ги повика граѓаните да бидат внимателни, додека се на одмор да се опуштат, но само во однос на секојдневниот ритам, а не и во однос на мерките за заштита од Ковид-19.

Next Post

Во кој дел од „Структурите што заговараат идеи поинакви од демократскиот и европскиот концепт“ го препознаа ВМРО-ДПМНЕ?

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk