ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српките власти вршат истрага за перење на пари на познати новинари, невладини организации и здруженија на граѓани

July 28, 2020 16:30
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за спречување на перње пари при Министерството за финансии на српската влада направи список со 20 медиумски работници и 37 невладини организации и граѓански здруженија, со кој бара од банките да извршат увид во сите нивни трансакции во претходната година. Во барањето се наведува дека се бараат податоци со цел да се утврди дали организациите и поединците на списокот имаат било каква врска со финансирање на тероризам или перењето пари.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на списокот се наоѓаат двете новински здруженија НУНС и УНС, ЦРТА, БИРН, КРИК, Европското движење на Србија, Хелсиншкиот одбор за човекови права, БИРОДИ, Центарот за евроатлански студии, Белградскиот ценатр за безбедносна политика и други водечки српски невладини организации, како и политичари меѓу кои е Вук Јеремиќ, новинарот Слободан Георгиев.

-Агенцијата за спречување перење пари има ист донатор како БИРН, а тоа е Европската комисија. Затоа прашувам јавно -Дали оваа управа сама ќе се истражува? Ова е грозно, изјави директорот на „Newsmax“ Адрија Слободан Георгиев, оценувајќи дека со списокот се криминализираат луѓето.

Бојана Селаковиќ од Граѓанскта иницијатива и Раша Недељков од Црта по повод списокот на Управата за спречување перење пари изјавија дека, неколку организации од тој список ќе преземат правни активности што им се достапни според српскиот закон и дека е важно за овој случај да се информираат релевантни актери и меѓународната заедница.

Реагираше и шефицата на делегацијата на Европскиот парламент за Србија, Тања Фајон, која предупреди дека секоја неоправдана истрага за нивната работа треба да се смета за притисок.

-Повеќето невладини организации, медиуми и поединци, кои се под истрага на српската влада за перење пари, се меѓу главните застапници на про-ЕУ реформите и подржувачи на вредностите на Европската унија во Србија, напиша Фајон на својот Твитер профил.

Според Зоран Гавриловиќ од Бирото за социјални истражувања (БИРОДИ) акцијата на Управата за спречување перење пари има две значења, од кои првото е „да се етикетира делот од општеството што е препознаат од властите како критички и кој има капацитет да влијае на социјалните процеси во Србија.“

-Овој притисок е уште една потврда за оправданоста на барањата на Обединетата опозиција на Србија испратени до Европската комисија за формирање експертски групи за состојбата на демократијата, владеењето на правото и медиумите во Србија“, оценија од опозициската Партија на слободата и правда (ССП) на Драган Ѓилас..

И од Демократската странка (ДС) оценија дека се работи за обид да се дискредитираат оние кои не зависат од милоста на Владата и чии активности сеуште не се ставени под контрола.

Next Post

Владата ќе додели 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат во држави на Балканот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk