ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

July 31, 2020 19:49
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени  17.611.322 лица. Од нив починале 679.406, а оздравеле 11.015.941 лица.

-Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 79 новозаразени со Ковид-19 од кои дури 56 во Тирана, оздравени се 69, додека починале три лица. Со последните 500, до сега направени се 41.199 тестови,позитивен резултат е добиен кај 5.276 лица, битката со опасниот вирус ја добиле 2.952, починале 157 додека активни на болеста се 2.167.Од нив во Инфективната клиника и болницата Ковид2 се третираат 115 од кои 21 се во тешка здравствена состојба.

– Во изминатите 24 часа, во Хрватска се потврдени 67 нови случаи на коронавирус, со што бројот на активни случаи е на 727, а едно лице почина. Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.750 лица -125 лица се во болница, шест пациенти се на респиратор. Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се регистрирани 5.139 случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 145 починале.

– Во Шпанија денеска се регистрирани 1.525 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што претставува најголем број од укинувањето на рестриктивните мерки во јуни. Исто така, бројот на нови случаи надминува 1.000 за трет ден по ред

– Во Романија, бројот на пациенти  се зголеми на 50.886, откако во претходните 24 часа беа потврдени 1.295 нови случаи на заразени. Во последните 24 часа, уште 39 пациенти починале од  Ковид-19, вкупно досега 2.343.

– Во Колумбија 9.965 лица се заразиле со вирусот за 24 часа, со што се зголеми вкупниот број случаи е 286.020. Во последните 24 часа починале 356 лица, односно вкупно 9.810.

– На сите жители на австралиската држава Викторија, која има шест милиони жители, од недела се бара да носат заштитни маски, одлучи владата откако вчера беа регистрирани рекордни 723 нови случаи и 13 смртни случаи. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, предупредил дека повеќето новозаразените лица се во домови за стари лица и меѓу граѓаните кои чекаат за резултатите од тест, но одат редовно на работа.

– Во Мексико, потврдени се 7.730 нови случаи на инфекција со коронавирус и уште 639 смртни случаи во изминатите 24 часа. Од почетокот на пандемијата, Ковид-19 е потврден кај 416.179 лица во Мексико, и 46.000 смртни случаи.

– Во Словенија,еден човек почина во изминатите 24 часа додека вирусот е потврден во 17 нови случаи. Од почетокот на пандемијата во Словенија, тестирањето за вирусот даде позитивен резултат кај 2.156 лица, додека бројот на смртни случаи во овој момент е 119.

– Во Бугарија, во текот на изминатите24 часа, вирусот е потврден кај други 265 лица, додека шест пациенти починале. Од почетокот на пандемијата, Бугарија регистрира11.420 случаи на заразени и 374 смртни случаи.

– Во Словачка е регистриран прв смртен случај од последиците од Ковид-19 по 15 мај во последните 24 часа, додека други 27 лица биле заразени со вирусот. Од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај 2.292 лица во оваа земја, вклучувајќи 29 пациенти кои ја загубија битката со болеста.

– Во Австрија во последните 24 часа е регистриран нов рекорден број новозаразени лица по првиот бран на епидемија на – 175 нови случаи. Најголем број новозаразени, 78, се регистрирани во Виена, 45 во Горна Австрија. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 21.072 лица биле тестирани позитивно за вирусот, од кои 18.628 се излекувале. Во изминатите 24 часа починаа пет лица, така што бројот на смртни случаи достигна 718.

– Бројот на   во Русија се зголеми на 839.981, откако во изминатите 24 часа беа потврдени 5.482 нови случаи. Во истиот период,  161 лица починаа вкупно 13.963 од почетокот на пандемијата.

– Властите во Еквадор забранија продажба на алкохол во текот на викендот во поголемиот дел од државата. Целта е да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Комисијата за итни случаи на својата веб-страница. Забраната ќе важи од 31 јули до 12 август и ќе се применува во 18 од 24 провинции. Полициски час ќе биде во шест од нив. Во моментов, вкупниот број на заразени со коронавирус во Еквадор е 84.370, а бројот на смртни случаи е 5.657. Властите проценуваат дека уште 3.500 смртни случаи би можеле да бидат поврзани поради коронавирусот./МИА/

Next Post

Жал ми што не сте „позитивни“, коментар на граѓанин откако екипата на ФРОНТЛАЈН објави дека е „негативна“ на Ковид -19

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk