Директорката на Центар за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова, информираше дека, според нивните анализи, од почетокот на пандемијата, вирусот е регистриран во вкупно 19 конфекции во градот. Последен случај на заразен беше регистриран вчера, во конфекција во која досега немало коронавирус, соопштија вчера од д Центар за јавно здравје-Штип .
Состојбата во штипското комуналано претпријатие „Исар“ е стабилна, таму деновиве се откриени тројца заразени со коронавирусот. Димитрова вели дека по направената епидемиолошка анкета нивните контакти се ставени под контрола, за да не се шири вирусот.
Во текот на изминатото деноноќие во Штип беа регистрирани 17 новозаразени со Ковид-19 и 12 оздравени.