Во пресрет на престојните празници, жртвувањето животни е неизбежен дел од традицијата. За жал, ваквиот чин денес бил изведен на варварски начин, сред бел ден, пред очи на мали деца.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и сведоштва од згрозени граѓани, кои велат дека повикале полиција, но добиле одговор дека полицијата нема моќ во вакви ситуации.
Голем број на граѓани на социјалните мрежи видно вознемирени, коментираат дека ваквите постапки не се во склад со верските заповеди, и прашуваат кој ќе реагира на овие глетки, ако полицијата нема моќ?
И.Е.