пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Пред природните катастрофи, човекот честопати е немоќен, и покрај напредокот на науката и технологијата.
Но, човештвото е честопати немоќно и пред катастрофи предизвикани од човекот и неговата неодговорност. Катастрофи што би можеле да бидат спречени, за разлика од оние природните.
Бејрут е аларм, кој одекнува секаде во светот.
Ако се за верување првичните информации за експлозијата, катастрофата е предизвикана од високоексплозивна матрерија, која била чувана среде град во едно од најголемите светски пристаништа.
Сличен таков аларм имавме пред повеќе од деценија во комшии, кога експлозија на стар магацин за муниција во Грдец, Албанија, однесе десетици животи и остави илјадници семејства без кров над глава.
Човештвото мора не само да сочувствува и да се солидаризира, туку да се сплоти – во борба за многу повисоки стандарди за заштита на животите на луѓето, населените места и животната средина од опасностите кои ги произведуваме самите ние. За тоа, на позициите и работните места од кои зависат човечки животи треба да има врвно знаење и професионалци, и многу поголема одговорност за секој од кого зависат човечки животи.