– Бев нападнат од двајца, на некои 200 метри од канцеларијата. Ме удираа со боксови по лицето, напиша на Фејсбук, ЛГБТИ активистот од Тетово, Беким Асани.
Нападот се случил попладнето. Еден од напаѓачите му рекол на Беким: Ти ли си тој педер?! напаѓачот инсистирал Беким да му се тргне од патот. Другиот напаѓач излегол од колата и ја отворил вратата од колата на Беким и го нападнал со боксови, а првиот напаѓач му се придружил и го удирал Беким по лицето и стомакот.
Полицијата стигнала брзо, но го напуштила местото на нападот.
– Има камери во околината, ќе ги видиме снимките деновиве, напиша Бeким Асани.
Беким вели дека има болку во главата и во стомакот, но се чувствува добро.
Беким Асани е претседател на организацијата ЛГБТИ Јунајтет од Тетово. Организацијата во овие кризни времиња, како што имаме известено во неколку наврати е многу активна и непрестано донира средства и намирници на ЛГБТИ лицата за полесно да ја пребродат корона кризата.
– Знаеме дека многумина од вас се навикнати да работат и можеби се срамат да побараат помош за храна, но ова не е вообичаена,туку вонредна состојба. Ние сме како едно семејство и како секое семејство ќе поминеме низ оваа ситуација заедно грижејќи се и водејќи сметка едни за други, апелираат од Здружение ЛГБТ Јунајтед Тетово, се вели во еден од апелите на ЛГБТИ Јунајтед од Тетово.
Ј. Ѓорѓиоски