Штипјанец излекуван од корона по втор пат е позитивен на вирусот, објави ТВ24. Првпат вирусот му бил потврден на почетокот од јуни. Тогаш овој 46-годишник бил тестиран иако немал никакви симптоми.
По две недели добил два негативни теста и влегол во статистиката за оздравени пациенти. Откако пред неколку денови развил симптоми, хоспитализиран е на инфективно во Штип.
Брисевите потврдиле дека повторно е позитивен на ковид-19.
Според епидемилолозите веројатно во контакт со вирусот дошол преку членови на неговото семејство вработени во текстилството.