„Ниту со 46 пратеници не се добива премиер“, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети за весникот Коха, како одговор на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, по Конститутивната седница на Собранието изјави дека со 15 пратеници не станува премиер.
„Ниту со 46 пратеници, не се станува премиер. Во оваа ситуација на сите страни им треба мир, мудрост и да мислат на високите државни интереси. Јас едно можам да кажам, дека ДУИ е фактор на стабилност во земјава. Ние внимателно ги анализираме состојбите, нема да брзаме. Секое дејство што ќе го преземеме, го правиме во корист и интерес на државата, мирот, стабилноста и водење напред на крупните процеси, како што е Рамковниот и Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Законот за имплементација на јазиците да се спроведе до последна точка, како и ветингот, борба против криминалот и корупцијата. Но во ниту еден момент да не се одбегне ветингот. Сите ќе бидат во партнерство со нас во усогласување на овие точки. Вклучувајќи го тука и премиерот“, истакнал Ахмети за Коха, пренесува Тв21.