ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Безмозочна партиска зомби пешадија

Илјадници пати е кажано и докажано во безброј горчливи инциденти. Говорот на омразата е оружје. Тоа е орозот на вистинското физичко насилство. Тоа е оружје на криминалците кои со заканата со насилство ги бранат своите кривични дела, збогатувањето на криминален начин, со кражба на јавните пари...

August 7, 2020 10:38
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Изминаа долги денови и недели, како и претходно месеци и години. По безброј повици, пријави, поднесоци… Колку што ми е познато, МВР и ОЈО сè уште не покренале постапки за клеветите, навредите и лагите, за говорот на омразата и заканите со убиство на активисти на граѓанското општество и на нивните семејства. Неколку спорадични „информативни разговори“ и повици во ОЈО можат само да потврдат дека проблемот им е видлив и дека имаат законска рамка во која можат да преземат нешто. Но, неказнивоста останува.

Со гнасни и навредливи изрази, некои и со оружје во рацете, а огромен број од нив, скриени зад анонимни профили, секојдневно, на безброј начини, ја контаминираат јавната комуникација со лавини од омраза и навреди за секој што не мисли како нив – радикални националисти. Нивна мета се и семејствата на оние што се различни од нив. Без принципи и морални скрупули, тие само продолжуваат со своето дивеење, неконтролирано и безумно. Тоа е таа безмозочна партиска зомби пешадија.

Сите овие години не видовме ниту еден израз на осуда од политичките партии чии поддржувачи и членови се токму овие онлајн насилници. Дури ни лицемерен повик да се воздржат од дивеењето во јавноста. Ниту еднаш не покажаа ни дека не стојат зад нив. Напротив, новинари, уредници, интелектуалци, раководни лица во сериозни државни институции и високи партиски функционери им пружаат отворена поддршка. Неретко и самите се впуштаат во валкана пропаганда со потпалувачки говор со што само ги засилуваат говорот на омразата и ширењето етничка, верска и расна омраза, што е кривично дело.

Мотивите за нивното дејствување се сеење страв и поделби, се да ги задржат своите позиции на моќта и да ја изиграат правдата. Без совест, тие со леснотија се придружуваат кон жестоката антизападна кампања и загрозувањето на македонските национални интереси. Ни тоа не е доволно за институциите да преземат мерки што се нивна законска обврска.

Зошто е тоа така, останува нејасно. Барем мене ми е мистерија како тоа поминуваат толку лесно. Некои луѓе се распнуваат дури и за техничка и ненамерна грешка, а за малку послободен израз врз нив се истура целата јавност, политички партии пишуваат соопштенија, организации се оградуваат. Што е тоа? Неутралност? Објективност?

За сето време, безмозочните зомби пешадинци уживаат во неказнивоста. Медиумите ги третираат нивните капитени како рамноправни и легитимни соговорници. Неколкумина служат како боксерски вреќи, истите што беа мета и во времето на грујовиот режим. Зошто е тоа така? Дали се игра на картата „за секој случај“, што би рекол еден мој другар чија кристална кугла е практично непогрешлива? Да појаснам, тој вели дека „неутралците“ калкулираат со благоста на сегашната власт, но ако дојдат „другите“, тие тепаат, затвораат и убиваат. Затоа, според логиката на „неутралците“, подобро е да ги галиме и да им попуштаме, па ако некогаш се доберат до власт, ќе играат и со нас, а нема да нè тепаат.

Илјадници пати е кажано и докажано во безброј горчливи инциденти. Говорот на омразата е оружје. Тоа е орозот на вистинското физичко насилство. Тоа е оружје на криминалците кои со заканата со насилство ги бранат своите кривични дела, збогатувањето на криминален начин, со кражба на јавните пари… Не им е грижа ним за потеклото или за начинот на мислењето на луѓето, ако тоа не може да им наштети.

Тоа се крајно арогантни ликови, повеќето од нив и психопати кои ниту разбираат, ниту сакаат да разберат. Но, ако видат дека некој опасно приближува кон нивната пештера каде што го чуваат пленот, стануваат крволочни животни. Затоа се служат со лажни вести и говор на омраза, не поради патриотизам, бидејќи не се патриоти. Патриот е авторот на овие редови и многумина како него.

Кратка е патеката од говорот на омразата што го сеат фашизоидните антизападни партиски кујни до вистинското насилство. Пред некој ден беше некој што ги застапува правата на хомосексуалците. Повеќето молчеа, а некои дури и го поздравија тој акт. Утре може да биде некој друг.

Институциите молчат. Убавини. Европски убавини.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

May 10, 2025

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

May 10, 2025

Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk