Силниот дожд кое вечерва го зафати Скопје, ги поплави градските улици и булевари и предизвика проблеми во сообраќајот.
На видеото на А1Он се гледа каква е состојбата во населбата Кисела Вода, и според порталот и објавите на граѓаните на социјалните мрежеи, слична е ситуацијата во речиси сите населби во Скопје.
Исто така, големо невреме од дожд, град и грмежи го зафати Штип.
Од УХМР и за утре прогнозираат нестабилно време со можни силни локални невремиња кои може да предизвикаат слив на поголеми количества вода во градските средини. Стабилизација на временските услови се очекува од понеделник, велат метеоролозите.