Вчера во Полска се организираше протест по повод новиот мандат на Дуда, и на неговата анти-ЛГБТ пропаганда која беше главна тема во неговата предизборна кампања. Иако протестот беше мирен, сепак стана мета на полициска бруталност, и заврши со низа апсења на активистите на ЛГБТ заедницата.
Во говорот за кампањата во јуни, Дуда ги нарече правата на ЛГБТ како идеологија која е „по деструктивна“ од комунизмот, предизвикувајќи обвинувања за дискриминација и говор на омраза од различни меѓународни тела, вклучително и од Европскиот парламент.
Kампањата за повторно избирање на Дуда се фокусираше на „семејните права и вредности“ и вербата дека ЛГБТ идеологијата ги поткопува традиционалните семејни улоги помеѓу мажите и жените.
Група полски пратеници од опозицијата, на давањето на неговата заклетва се облекоа во боите на виножитото на ЛГБТ знамето, и доставија писмо во кое се бара од шефот на државата да стави крај на тековната дискриминаторска кампања против ЛГБТ луѓето.
Членовите на Скопје Прајд известија дека една од уапсените активистки е и нивната пријателка Марго, на која ѝ е доделен притвор од 2 месеци додека чека судење.
Нашите активисти изразија поддршка, и побараа солидарност и правда за сите членови на ЛГБТ заедницата, кои секојдневно ја живеат оваа реалност.
И. Ежова