Грозоморните слики од отруени животни во државава станаа секојдневние, а вчера се појави и нова вознемирувачка содржина на која се гледаат повредени мачиња пресечени на пола.
„Децо, ќе има ли назад од ова? Колку болнички психопатчиња чекорат меѓу нас? Знаеме дека ова веќе не само фб дистракција туку сериозен општествен проблем? (А да, извинете што ви нарушувам комфор, постот е со крајно вознемирувачка содржина за која сметам дека треба јавноста да се информира)“ – пишува во објавата.
Загрижените граѓани и граѓански активисти секојдневно повикуваат за изнаоѓање решение за овие проблеми и бараат конкретни закони со кои ќе се заштитат правата на животните.
Овој општествен проблем бара сериознен третман, бидејќи како што активистите секојдневно потсетуваат, човек кој е склон кон повредување животни е склон и на повредување луѓе, и најчесто овие лица имаат сериозни психички нарушувања кои треба да се третираат институционално.
Фронтлајн како редакција најостро ги осудува сите нехумани постапки кон животните, и бара одговорност од надлежните институции за овој проблем.
И.Ежова