МИНИСТЕРОТ за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека се потпишани нормативните акти за амблемите на полициските униформи и на албански јазик.
МВР: Актите за ознаките на полициските униформи треба да се достават до Владата.
НЕСТОРОВСКА за 24: Станува збор за недоразбирање во јавноста, комисијата во МВР ги разгледува актите.
КОМИСИЈАТА за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи, одлуката за почеток на учебната година е на МОН.
ЗАЕВ: Поканата на Ахмети кон албанските лидери, ја гледам како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“.
АХА од РИБАРО – Груевски до Мицкоски: Напиши три писма
НАЈМАЛКУ едно лице загина, а десетици се повредени во синоќешните протести во повеќе белоруски градови, што почнаа по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои шестпати по ред победи Александар Лукашенко.
ОСЛОБОДУВАЊЕ на превозот од досегашниот протокол од 50 на 100 проценти капацитет и субвеционирање на плати е ултиматумот кој го поставија туристичките агенции до 15 август.
ОД почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери на Град Скопје поднесени се 2.301 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.700 барања.
ПОКРАЈ меѓународната автопатна делница, која до сега беше единствената врска на градот, Гевгелија ќе добие дополнителна,алтернативна сообраќајна врска со граничниот премин Богородица преку стариот автопат којшто беше затворен.
СОСТАНОКОТ на Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември, ќе продолжи утре.
КОВАЧЕВСКИ: Формирање на Енергетски солидарен фонд за социјално ранливите категории граѓани.
АХМЕТИ ги кани Гаши, Касами, Села и Тачи на средба на годишнината од Рамковниот договор.
НЕСТАБИЛНОТО време со сончеви периоди, пороен дожд и грмежи, ќе продолжи до крајот на неделава, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ј. Ѓ.