Неполн месец до старт на новата учебна година, а МОН се уште не донел одлука на кој начин ќе се одвива наставата.. Според универзитетскиот професор Башким Зибери, сега е веќе касно МОН да организира успешна учебна година, пренесува Слободен печат.
-Дефинитивно од моја гледна точка многу доцниме, од многу аспекти реално. Не само од аспект на организација на наставниот процес во основните училишта, средните и универзитетите, туку и за претходна подготовка за успешна школска година, рече Зибери и додаде дека нема можност наставниот план и другите процеси да се прилагодат за три недели.
Тој смета дека опцијата за настава во повеќе смени не може да се изведе во училишта со две смени и паралелки со по 30 ученици.
-Многу лесно општина Аеродром може да организира настава во смени, бидејќи имаат една смена. А во албанските зони во Скопје, Тетово, каде голем дел речиси сите основни училишта како и средни имаат две смени, тешко е сега да ги организираш повторно во смени. Бидејќи со едно училиште кое има две смени со по 30 уленици во паралелка, треба да се организираат 4 смени во денот, со 20 минутен час, само сериска ротација на учениците. Тоа нема да биде воопшто ефикасно, ќе биде главен елемент за ширење на вирусот, верувајте, смета Зибери.