АЛИЈАНСА за Албанците и Алтернатива: Не преговараме за учество во Влада.
АХА од Рибаро – После освојувањето на Водно, Мицкоски во поход на Калето.
ОД Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 4 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 5 лица.
ВО јуни годинава се издадени 273 одобренија за градење што е за 35,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 12.913.000.000 денари што е зголемување за 469 проценти.
АНАЛИЗА: Брутална одбрана на 26 годишниот режим на Лукашенко, отпорот на прогресивна Белорусија продолжува.
БОГОЕВСКИ: Левица има депозит поголем од 30.000 евра во „Еуростандард“, на изборната сметка стои кодот на банката
КОМИТЕТ за финансиска стабилност: Граѓаните да бидат спокојни – банкарскиот систем е стабилен и сигурен.
БИТОЛЧАНИ заразени со Ковид-19 ги кријат контактите, младите ги исмеваат врсниците кои носат маски
ОД утре сите граѓани на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа.
ВО интерес на зголемување на транспарентноста и достапноста на јавни податоци, Општина Карпош, на својата веб страница повторно го воведе системот на ГИС (географски информационен систем).
ЕВРОТИНК со публикација – водич за поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори со ЕУ.
БОРИСОВ предлага уставни измени и најави оставка доколку се распишат нови избори.
ЛИДЕРИТЕ на Србија и на Косово на 2 септември ќе се состанат во Белата куќа во Вашингтон за да преговараат, објави денеска специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел.
ВО Колумбија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 11.000 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот позитивни на коронавирус досега е 433.805.
НОВОЗЕЛАНДСКИТЕ здравствени власти денеска информираа дека по тримесечно затишје, коронавирусот повторно почнал да се шири низ земјата.
СТРУШКИ вечери на поезијата во скратена форма, лауреатот на „Златниот венец“ ќе дојде идната година.
ЖИТЕЛ на скопско Инџиково ноќеска е убиен во својот дом пред сопругата од две маскирани лица.
ЗА ВРЕМЕ на викендот времето во повеќе делови од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Ј. Ѓ.