ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ѓилас: Овој режим опстојува затоа што академиците, професорите, новинарите…молчат

August 15, 2020 16:20
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на опозициската Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, изјави дека сегашната власт во Србија опстанува затоа што академиците, професорите, новинарите, луѓето од културата и бизнисот молчат и сè што се случува во земјата го прифаќаат „како нормално“ .

-Тие молчат за да ги избегнат последиците, не сфаќајќи дека порано или подоцна, на еден или друг начин, злото ќе чукне на нивната врата, изјави Ѓилас за весникот „Данас“.

Лидерот на ССП кажа дека ЕУ реагирала на изборите во Србија, кои тој ги смета за нерегуларни и дека тоа се гледа преку критика на изборите од страна на одредени парламентарни групи во Европскиот парламент и неотварањето нови поглавја во европската интеграција на Србија.

-Прифаќањето на иницијативите на српската опозиција за испраќање специјални комисии за мониторинг на медиумите и владеење на правото од страна на 311 европратеници, десетици написи и текстови низ ЕУ за српскиот режим се само дел од се она што се има случено за само 30 дена после лажните избори, додаде Ѓилас.

Тој нагласи дека на Србија е да покаже дали сака да влезе во ЕУ, „за да може, како и Хрватска“, да добие 22 милијарди евра помош за борба против пандемијата на коронавирус или ќе го следи претседателот Александар Вучиќ „на неговиот пат кон Кина“.

Ѓилас оцени дека предвремените парламентарни избори во Србија веројатно ќе се одржат на крајот на следната година, заедно со изборите за град Белград, со што се демантираат критичарите на изборниот бојкот, кои говореа дека „режимот на Вучиќ ќе остане на власт следните четири години“.

Коментирајќи ги острите критики што претставникот на Србите во Хрватска, Борис Милошевиќ, ги доби за одењето на прославата на 25-годишнината од операцијата „Бура“, Ѓилас оцени дека Србите во Хрватска „имаат право сами да носат одлуки во врска со нивните животи“.

Next Post

Време е за прв Албанец тренер на Барселона

Shortcut

Најново

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk