ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев вети борба за секое работно место, прочистување на судството и работа на евроинтегративниот процес

August 26, 2020 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борба за секое работно место, зачувување на потенцијалот и капацитетот на компаниите и задружување на платите и пензиите со тенденција за нивен раст штом помине кризата со Ковид 19, вети мандатарот Зоран Заев кој денеска до Собранието ги поднесе составот и програмата на новата влада.

Паралелно со ова најави и воспоставување на комисиите кои ќе работат на прочистување на правосудството и проверка на имотот и парите на функционерите, како и подготовка на процесот на преговори со Европската унија. Очекувањата се дека кон крајот на октомври или почетокот на ноември ќе се одржи првата меѓувладина конференција.

– Предизвици има големи. Верувам дека со овие квалитетни кадри ќе бидеме држава за пример заради тоа што денес имаме пријатели насекаде околу нас. Имаме пријатели и во соседите, и во НАТО и во ЕУ. Денес имаме комплетна кохезија меѓу заедниицте со тенденција да продолжиме кон постигнување на севкупна еднаквост за сите, истакна Заев.

Прашан дали останува на ставот дека секој кој згрешил пред законот дури и Сашо Мијалков и Никола Тодоров треба да одговара, Заев рече дека отстапки ќе нема во борбата против криминалот и корупцијата.

– Ако си дозволиме било кој за кого постојат основани сомненија, докази и аргументи, да ја избегне правадата, тогаш сме ја уништиле државата. Еден од главните постулати е борбата против криминалот и коурпцијата, владеењето на правото и еднаквост пред законите на сите и тука отстапки нема да има, порача идниот мандатар.

За бројчаникот кој беше најавуван, Заев рече дека неговото функционирање зависи од правосилните судски пресуди.

– Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот. Овој бројчаник досега треба да заврти 18 милиони евра од пленењето на имотот на „Трасмет“ која е завршена постапка. Завртени се веќе и еден милион евра од финансиска полиција. Бројчаникот зависи од судските пресуди, а не зависи од извршната власт. Има и постапка за пленење на пари од дијализата. Ако се утврди во таа постапка дека е онака како што тврди Јавното обвинителство, тогаш бројчаникот ќе сврти 11 милиони евра, појасни Заев.

Next Post

За „27 април“ ќе сведочат 15 пратеници, судењето продолжува на 4 септември

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk