ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На Денот на рударите САСА продолжи со поддршката на локалната заедница

August 28, 2020 15:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај предизвиците и ограничувањата што ги наметна пандемијата од Ковид-19, најголемиот рудник во земјата – Саса, на соодветен и достоен начин го одбележува 28 Август – Денот на рударите. По повод годинешниот празник на македонските рудари, менаџментот на „Рудник Саса“ обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, како признание за нивното залагање и посветеност во работата. Дополнително, на 127 вработени им се доделени и специјални парични награди и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравјето при работа, како и во остварувањето на производствените планови.

-И покрај сите предизвици што ги наметна актуелната пандемија, тимот на рудникот САСА, подржан од неговите инвеститори – Централ Азија Металс и од пошироката заедница, покажа дека рудникот може да продолжи да произведува олово и цинк безбедно и во согласност со плановите за производство, задржувајќи го фокусот на инвестициите во современа технологија, во безбедноста и благосостојба на вработените, заштитата на животната средина, како и во долгорочниот просперитет на заедницата, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Во чест на годинешното одбележување на Денот на рударите, кој воедно е и патронен празник на Македонска Каменица, „Рудник Саса“ обезбеди финансиска поддршка за предвидените активности за одбележување на годинешниот празник, што ги организира општината Македонска Каменица, а кои оваа година се спроведуваат согласно пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Исто така, САСА донираше финансиски средства за набавка и инсталација на нови трибини за спортската сала во основното училиште „Кирил и Методиј“.

По повод празникот, рудникот САСА го посетија мандатарот Зоран Заев, придружуван од идните министри Мила Царовска, Јагода Шахпаска, Венко Филипче и Љупчо Николовски. На средбата со претставниците на менаџерскиот тим на САСА, идниот премиер и министрите се запознаа со активностите и вложувањата на компанијата во сите сегменти од работењето, како и со плановите за идниот одржлив развој на најголемата рударска компанија во земјава.

-Ни претставува големо задоволство посетата на господинот Заев и членовите на новата Влада на САСА. Сметаме дека оваа посета покажува дека развојот на одговорното и одржливо рударство и понатаму ќе биде во фокусот на Владата. Поддршката на нашата рударска индустрија е особено важна за локалниот социјално-економски развој, како и за развојот на целата земја, додаде Телној.

Тој заедно со мандатарот и членовите на новата Влада, упати честитки за празникот до сите вработени во САСА, како и до сите рудари и целата рударска индустрија, посакувајќи им добро здравје, среќа и многу натамошни успеси.

Next Post

Филипче: Не се предвидени посебни рестриктивни мерки за општините од источниот дел од државата

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk