ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓаши: Средношколците треба да бидат вклучени во донесување на одлуките за изведување на наставата

August 31, 2020 18:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Детската амбасада Меѓаши денеска преку соопштение изрази поддршка на напорите на средношколците да бидат слушнати и вклучени во донесувањето одлуки поврзани со начините на изведување настава во учебната 2020/2021 година.

-Ова е добар и поттикнувачки пример на детско-младинско учество, за што Меѓаши се залага и секогаш ги поддржува ваквите иницијативи. Исклучително е важно вашето учество како средношколци, особено за прашања кои директно ве засегаат. Тоа е показател за вашата зрелост и висока свест да ја преземете одговорноста за сопствениот живот, одговорноста кон себе и кон општеството, се вели во соопштението од Меѓаши.

Оттаму потенцираат дека се свесни, оти, како што велат, средношколците се изложени на притисоци и притоа и ги осудуваме нападите кои одат кон нив, особено оние на етничка основа.

-Сметаме дека овие напади се обид за неосновано дискредитирање на вашите барањата што е одраз на недостатокот на демократска култура во нашето општество. Ваквите реакции се неприфатливи и ги обесхрабруваат демократските начини на делување на децата и младите и затоа вашите залагања се уште поважни, велат од Меѓаши.

Од оваа организација појаснуваат дека во изминатиот период до Меѓаши се обратиле повеќе ученици со цел споделување на нивните ставови во однос на начините на изведување на наставата во претстојната учебна година, од кои може да се констатира дека постои плурализам на мислења. Со оглед на тоа од Меѓаши потенцираат дека треба да бидат земени предвид и мислењата на средношколците/ките кои се со различни мислења и ставови.

-Во однос на институциите, го поздравуваме актот на покажување отвореност за средба на надлежните со претставниците од Сојузот, но очекуваме истиот однос и покажана почит да продолжи и понатаму во процесот на донесувањето на одлуките што директно ги засегаат учениците. Упатуваме апел до институциите да обезбедат континуирано и системско учество на учениците, средношколците и основците, во донесување на одлуките од областа на образованието. Ваквото учество не смее да биде сведено на еднократни средби, по кои учениците нема да бидат известени ниту дали, ниту, пак, како нивните мислења биле земени предвид во донесувањето на одлуките, стои во соопштението.

Градењето на културата на детско и младинско учество, се додава во него, е долгорочен процес за кој се неопходни исклучително големи заложби од страна на сите чинители, како и менување на општествените норми за улогата на децата и младите во нашето општеството кое се уште е скроено само по мерка на возрасните.

-Детскиот и младинскиот активизам, како вашиот денешен протест, се од централна важност за овој процес. Детската амбасада Меѓаши бара од надлежните во државата да ги земат предвид вашите барања при донесувањето на конечната одлука којашто ќе биде во најдобар интерес на сите вас, подвлекуваат од Меѓаши./МИА/

Next Post

На ГП Ќафасан се чека околу 30 минути, на другите премини нема подолги задржувања

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk