ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Париски „Ла Кроа“: Зоран Заев ја врати Северна Македонија во европското јато

September 1, 2020 10:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот дневен весник „Ла Кроа“ во денешното издание се осврнува на изборот на новата влада на Република Северна Македонија, преставувајќи го портретот на премиерот Зоран Заев, кој ќе ја предводи коалициската влада, јави дописникот на Франција.

– Зоран Заев не е трибу што пали толпи. Но, шефот на владата на Северна Македонија, повторно назначен од парламентот на 30 август, знае како да го управува својот брод, пишува новинарката на „Ла Кроа“ Мари Вердие, инаку добар познавач на приликите во Македонија и воопшто на Балканот.

Наведува дека „на 45 години, Зоран Заев веќе остави трага во историјата, токму тој го смени името на својата земја, која стана Северна Македонија во 2018 година, и покрај идентитетсткото кршење на срцето на Македонците. Така, тој стави крај на историскиот спор со соседна Грција, кој го труеше животот на поранешната југословенска република скоро триесет години. Тој исто така ја закопа секирата со соседна Бугарија со потпишување договор за добрососедство во август 2017 година“, продолжува весникот.

–Тој одбива да биде заклучен во минатото и прашањата за идентитетот, забележува Горан Секуловски, наставник на Институтот Свети Серж и во Иналко. Додека националистичката опозиција на партијата ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски на власт десет години го направи заштитен знак, смета Секуловски.

–Повторно беше Зоран Заев, убеден Европеец, кој не без тешкотии доби зелено светло за отворање на преговорите за пристап во Европската унија во март 2020 година по петнаесет години чекање и шлаканица од Франција, која стави вето во октомври 2019 година пред да се предомисли, пишува „Ла Кроа“.

Токму ова одбивање на Французите, се посочува во текстот, го поттикна Зоран Заев, кој беше на функција од април 2017 година, да поднесе оставка на 3 јануари 2020 година и да распише предвремени избори во април. Кои беа одложени поради пандемијата.

–Сите се прашуваа колку ќе го чини многу болната промена на името на земјата пред гласачките кутии. Општеството ќе остане поделено долго време, но националистичката опозиција, која е задоволува со нападите врз социјалдемократите, не успеа да се реформира себеси и немаше корист од тоа на изборен план, анализира Горан Секуловски.

–Економистот, кој долго време беше градоначалник на Струмица на југо-истокот од земјата и шеф на успешни бизниси – сега во рацете на неговиот брат – го стави својот прагматизам во служба на политиката. Тој беше во можност да ја смири вознемиреноста на неговите албански сојузници со кои веќе владееше од 2017 до почетокот на 2020 година. Али Ахмети, шеф на ДУИ, со тоа се откажа од барањето за албански премиер на Северна Македонија. Зоран Заев, сепак, направи значителни отстапки. Својата функција ќе ја предаде на припадник на албанското малцинство за период од 100 дена пред следните избори. Покрај тоа, во неговата влада има четворица Албанци, од кои тројца на стратешки позиции –  вицепремиер (специјално создаден), внатрешни работи и надворешни работи. Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи и голем архитект на меѓународните договори, ги презема односите со ЕУ, продолжува со анализата весникот со демохристијанско убедување, анализира „Ла Кроа“.

Опозицијата, наведува весникот, игра на влогот на ефемерна коалиција. Но, Горан Секуловски потсетува дека Зоран Заев ги штити и држи своите сојузници. Тој сè уште ги има во свои раце снимките кои во 2015 година открија огромен скандал со незаконско прислушување на 20 000 Македонци, политичари, новинари, членови на невладини организации и слично, оркестрирани од Никола Груевски – кој е осуден за злоупотреба на власта во 2018 година пред да избега во Унгарија. Протекоа многу ленти, но ништо за албанската партија, вели Горан Секуловски.

–Во оваа балканска земја која често римува со корупција, Зоран Заев помина низ мрежата. Во 2008 година, додека беше градоначалник и претприемач, тој беше обвинет за злоупотреба на власта и уапсен, а потоа ослободен од тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, го завршува париски „Ла Кроа“ портретот на Зоран Заев.

Next Post

Приведена тричлена терористичка група која делувала во земјава

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk