ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Заев – Брнз: Директните инвестиции од САД, енергетиката, дигиталната економија и кибер безбедноста во фокусот на стратешкото партнерство

Заев на средбата истакна дека овој мандат започнува во сосема поинаков, многу подобар политички контекст, отколку во 2017 година, со обновена демократија, со решени спорови со соседите во година во која Северна Македонија стана членка на НАТО и ги очекува преговорите со ЕУ.

September 2, 2020 11:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата останува силно посветена на стратешкото партнерство со САД, кое ќе продолжиме да го негуваме со нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции за борба против корупцијата, истакна премиерот Зоран Заев денеска на средба со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Заев денеска ја прими амбасадорката Брнз во прва посета во новиот мандат, која му честиташе на премиерот за повторниот избор на оваа позиција и ѝ посака успешна работа на новата Влада во реализацијата на програмата со очекување за континуитет и продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Заев на средбата истакна дека овој мандат започнува во сосема поинаков, многу подобар политички контекст, отколку во 2017 година, со обновена демократија, со решени спорови со соседите во година во која Северна Македонија стана членка на НАТО и ги очекува преговорите со ЕУ.

-Соочени со здравствените и економски предизвици од КОВИД-19, кои остануваат во врвот на приоритетите, истакна на средбата со амбасадорката Брнз премиерот Заев, убедени сме дека справувањето со пандемијата ќе заврши со успех, особено имајќи ја предвид досегашната соработка со САД и на останатите сојузници од НАТО за целата поддршка во хуманитарна помош и други материјали за време на кризата.

Амбасадорката Брнз во разговорот со Заев истакна дека ова е прва нивна средба како НАТО сојузници и додаде дека нејзината земја е подготвена односите меѓу двете земји да ги подигнат на следно ниво со поддршка за директни инвестиции од САД, како и во соработката во сферата на енергетиката, дигиталната економија и кибер безбедноста согласно безбедносните стандарди на НАТО.

Next Post

Заедничка вежба на македонската Армија и КФОР на Криволак

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk