ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

September 3, 2020 13:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 Завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Славеј во Пелагонија, соопшти Центарот за истражување на предисторијата, кој петта година заедно со Завод и музеј – Прилеп и Институтот за старословенска култура, како и со повеќе европски институции работи на овој локалитет. Целта е да се проучи материјалната култура, архитектурата, стопанството, обредите и природната околина карактеристични за неолитот, доцната антика и средниот век.

Годинашните истражувања биле насочени кон ритуалните форми карактеристични за средновековни погребувања, како и на подоцнежните архитектонски фази во рамки на неолитската населба.

-Како резултат на тоа, регистрирани беа уникатни средновековни фунерарни контексти и специфични елементи на најдоцнежните неолитски градби во населбата. Тие натаму детаљно ќе се проучуваат и споредуваат со резултатите добиени од претхоните археолошки кампањи. Паралелно со теренското ископување се вршеше и обработка на археолошкиот материјал што овозможува темелен увид во животот на средновековното население и неолитските популации кои живееле и биле активни на оваа тумба. Исто така, се земаат примероци за археоботанички, микроморфолошки, геолошки и радиокарбон анализи кои ќе се изведуваат во периодот што следува по археолошкото ископување, соопшти Центарот за истражување на предисторијата.

Додава дека добиле импресивни резултати од годинашните истражувања за средновековните ритуали на погребување и неолитската архитектура. Во рамки на неколку неолитски градби се регистрирани структури во кои се обработувале житарици, како и вкопани канали кои се користеле како основа на ѕидовите. Што се однесува до материјалната култура, покрај бројните остатоци од репрезентативна грнчарија и алатки, откриени се и нови форми на жртвеници, а како посебно ексклузивен се посочува  керамички диск со врежани линии во форма на спирала и точки со убоди меѓу нив. 

Истражени биле и средновковните погребувања и се издвојуваат неколку гробни целини под кои биле поставувани намерно кршени парчиња ќерамиди и камења. Посебно се истакнува и положувањето отсечен череп на дно од мошне длабока јама за чување жито, кој бил раздвоен на два дела и внимателно поставен на дното.

Центарот соопшти дека добиените темелни податоци за различните етапи на функционирање на овој локалитет ќе бидат публикувани во неколку македонски и светски научни списанија.  Неодамна е објавен труд во реномираното списание „Антиквити“ од Кембриџ, а во фаза на печатење е и обемен труд во престижното германско списание „Прехисторише цајтшрифт“. Во овие трудови се сумирани сознанијата од повеќегодишното мултидисциплинарно проучување на Врбјанска Чука што, како што наведува Центарот  за истражување на предисторијата, врвно го презентира и афирмира овој локалитет на меѓународно ниво.

Next Post

Бочварски: Општините да ги решаваат проблемите со дивоградбите

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk