РЕФОРМИ за модерна и ефикасна администрација – повеќе систем, помалку бирократија.
ОБРАЗОВАНИЕТО приоритет во овие четири години – дигитализација, опременост на училиштата и професионален развој на кадарот.
Од ПОЧЕТОКОТ на епидемијата вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 14.998, оздравени се 12.149 пациенти, починале 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.
Во СКОПЈЕ денеска ќе се одржи Авицена женска трка 2020, поради што ќе има измени во сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градски парк.
На ДЕНЕШЕН ден починале Акира Куросава и Лучијано Павароти.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утрото ќе биде свежо и минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степен.
МАРИЧИЌ за 360 степени: Сомнежите во пресудите се мотив за прочистување на судството.
АЛБАНСКАТА полиција во Тирана уапси албанска државјанка за тероризам, барана со меѓународна потерница распишана од италијанските власти.
ФИЛИПЧЕ и Министерството за здравство добитници на признанието за хуманост „Св. Мајка Тереза“
J. Ѓ.