ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Пословичната доследност на „аналитичарот“ Пандов

September 8, 2020 22:25
in ESPRESSO, ON THE HOUR, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Аналитичарот“ Александар Пандов фрлаше со дрвја и камења по Мицкоски, индиректно нарекувајќи го „предавник и слуга на меџународна“, предвидувајќи му слаби изборни резултати на претседателските избори и нему и на, како што ја нарече „Гога Сорос“. Навистина, човек можеше да биде и исклучително неталентиран познавач на состојбите (како нашиов „аналитичар“) за да го предвиди поразот на Мицкоски и неговата љубимица.

Во тој период, Пандов остана на својот „бојкотирачки“ курс, па на ТВ21 јавно се откажа од ВМРО-ДПМНЕ и изјави дека нема да го ажурира своето членство во партијата, туку ќе настапувал независно.

Сепак, наспроти неговото откажување од партијата, Пандов за „награда“ доби нова функција во партијата. Извршниот комитет на вемеро го именуваше за претседател на т.н. „патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ“ според „новиот демократски статут на партијата“ (бре, бре).

Не е јасно кој навистина стои зад ова именување, Мицкоски кого Пандов до вчера го „тепаше“ или тие што му го нишаат престолот. Не е познато ни дали оваа функција ќе биде платена или не. Пандов, колку што е познато (вмровски извори), повеќе години е без работа (тато носи, мама меси).

Инаку, Пандов е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а вмровските медиуми го нарекуваат „истакнат политички аналитичар“. Долго време е присутен на сцената, но никако не му успева да се пробие во првите редови.

Во 1997 година учествуваше во протестите против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет заедно со Филип Петровски и Антонијо Милошоски кои, ако се сеќавате, пред камери штрајкуваа со глад, а потоа им носеа сендвичи од Чичко Стоилко. И тогаш Петровски и Милошоски „блескаа“, а тој остана во сенка. А Пандов им носеше сендвичи. Не е познато дали и тој „штрајкувал со глад“.

„Независниот аналитичар“ со новата партиска функција добива уште една шанса. Времето ќе покаже колку и како ќе ја искористи во овие тешки денови за партијата. За доследноста не мора да зборуваме. Доволен е насловот.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.
Next Post

Активни 1.895 случаи на Ковид-19, да се почитуваат мерките и протоколите за заштита

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk