ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Разговорите за новата преговарачка рамка продолжуваат во петок

September 8, 2020 18:34
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дипломатите на земјите членки се состанаа утрово во рамките на телото за проширување во Советот на ЕУ, за да разговараат за нацрт-преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија како главна тема на дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е првпат земјите членки да се состанат за да разговараат темелно за преговарачките рамки за двете земји, но и за новата преговарачка методологија на ЕУ, предложена и усвоена во март оваа година.

Според дипломатите од земјите членки на ЕУ со кои разговараше МИА, атмосферата денеска била „добра“, а германското претседателство со поддршка од широко мнозинство земји членки на ЕУ не се откажува од амбицијата рамката да биде усвоена во ноември годинава, што би отворило пат за одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година, иако не е исклучено одложување.

Од повеќе дипломатски извори е потврдено дека една земја членка, сосед на Северна Македонија, и натаму има проблем со одредени делови на преговарачката рамка, прашање во кое не навлегуваат другите земји на ЕУ. Бугарија има право да блокира доколку оцени дека не е задоволна, но напорите да се постигне компромис до ноември продолжуваат, велат дипломатите во Брисел.

-Има општа добра волја кај сите земји членки да се затвори прашањето до крајот на оваа година, вели за МИА дипломат од земја членка на ЕУ.

Дипломат од една од најголемите земји членки на Унијата за МИА додава дека бугарската страна била „гласна“ на денешниот состанок околу прашањата што им претставуваат проблем, како јазикот, на пример, кој во предлог рамката е јасно именуван како македонски јазик.

На состанокот се разговарало и погенерално за методологијата на преговорите, според дипломатите дебатата одела „мазно“ и без судири.

-Ќе инсистираме на тоа преговарачката рамка да ја одразува новата методологија, вели друг дипломат за МИА, односно дека клучните принципи на ревидираниот процес за преговори за членство ќе бидат запазени.

Во петок продолжуваат дискусиите на техничко ниво во ЕУ, земјите членки во наредниот период планираат темелно да ги разгледуваат и предлог рамките и методологијата, со надеж до ноември да постигнат компромис, како што посакува германското претседателство./МИА/

Next Post

ТикТок се придружува кон ЕУ Кодексот против говор на омраза

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk