ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Со дебаклот од протест, Мицкоски ја потврди титулата губитник, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека знае само за деструкција

Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата.

September 9, 2020 20:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со дебаклот од протест, Мицкоски си ја потврди титулата губитник, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека знае само за деструкција.

Денеска, на помалку од два месеци од изборите, Христијан Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните. Со денешниот дебакл од протест, Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што освен стотина негови приврзаници, сите останати му го свртеа грбот.

Тоа е очекувано, затоа што Мицкоски одамна е прочитан од граѓаните. Јавноста знае дека тој освен одбрана на криминалот во неговата партија и освен личните бизнис интереси не го интересира ништо друго.

Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата.

Тоа граѓаните совршено го знаат, затоа денешниот протест најавен како протест против цената на струјата се претвори во дебакл на обидот на Мицкоски да си ја задржи фотелјата во белиот дворец.

Денеска уште еднаш се потврди дека на Мицкоски најбитно му е столчето во партијата и затоа ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно и неодговорно однесување, на штета на граѓаните, на државата и нејзината европска иднина.

Со такво однесување, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција, стои во соопштението на официјалната страна на Социјалдемократскиот сојуз како реакција за денешниот протест во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Скапа струја, сиромашен народ“.

 

Next Post

Палмер: Договорот во Вашингтон е и за политичка нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk