ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи и Холштајн ќе работат на дополнително унапредување на економските односи меѓу двете земји

September 10, 2020 15:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потенцијал за унапредување на економската соработка со Германија има,  порача вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија,  Анке Холштајн, на која се согласија дека ќе работат на нејзнино дополнително унапредување.

Вицепремиерот Битиќи, како што стои во соопштението од неговиот Кабинет, изрази задоволство од економската соработка помеѓу двете земји. Многу германски инвеститори работат со голем успех во нашата земја и како резултат на тоа, Германија е прв трговски партнер на Северна Македонија. Потенцијал за унапредување на економската соработка има, рече Битиќи, при што додаде дека со специјалниот советник кој го номинираше германската Влада да помогне со реформите во економијата, Валтер Дефа, има интензивна комуникација во крерирање на системски решенија со кои соработката помеѓу двете земји може дополнително да се развива.

Вицепремиерот се заблагодари за континуираната поддршка од страна на СР Германија за напорите кои ги прави нашата земја во остварувањето на европските аспирации и започнувањето на преговори за членство во ЕУ, притоа изрази надеж дека првата меѓувладина конференција би можела да се одржи наскоро, за време на претседавањето на СР Германија со Европскиот Совет. Битиќи рече дека во периодот кој следи ќе се случат многу реформи кои ќе донесат позитивни резултати во сите области и дека тоа ќе биде клучен доказ дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија.

На средбата стана збор и за креирање на Платформа за развој на Северна Македонија, при што вицепремиерот Битиќи истакна дека во креирањето на новите развојни економски политиките ќе учествуваат сите чинители во општеството, вклучително и странските партнери, се со цел да се креираат најдобри можни политики, кои ќе обезбедат одржлив економски развој, во интерес на граѓаните.

-Силен економски раст и развој не се можни без одлучна борба против корупцијата и сивата економија, рече Битиќи, при што посочи дека заедно со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата ќе креираат системско решение за ова прашање, кое е многу важно за сите граѓани, но и инвеститорите, независно дали се домашни или странски.

Владата ќе остане отворена за секаков вид соработка со Сојузна Република Германија, рече вицепремиерот Битиќи, а заедно со амбасадорката Холштајн се согласија дека ќе работат на дополнително унапредување на економските односи помеѓу двете земји.

Амбасадорката Холштајн упати честитки за изборот на новата Влада, како и за назначувањето на вицепремиерот Битиќи на новата политичка функција, пришто изрази очекување за продолжување на одличната соработка помеѓу двете земји.

На средбата стана збор за справувањето со социо-економската криза предизвикана од коронавирусот, политиките на Владата за новата развојна економија, како и за реформи преку системски решенија со кои би се сузбивала корупцијата и би се намалувала сивата економија во земјата.

Next Post

Два нови случаи во Прилеп од Ковид-19, 11 оздравени

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk