ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими – Паолучи: До Владата ќе го доставиме законот што ќе овозможи реализација на проектот за итно справување со КОВИД-19

September 11, 2020 14:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките и политиките што се преземаат за поддршка на одржлив и инклузивен раст, се клучни во услови кога се соочуваме со најголемата економска криза досега предизвикана од Ковид 19. Во овој дел од голема важност е четиригодишната стратегија за партнерство што Република Северна Македонија ја има со Светска банка, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на првата официјална средба со директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи којашто се одржа онлајн.

На средбата се дискутираше за тековните и идните проекти предвидени со четиригодишната стратегија, за проектите за справување со пандемијата, како и воопшто за политиките коишто ги презема Владата за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот.

Министерот Бесими информира дека Министерството до Владата ќе достави Предлог-закон за задолжување за проектот за итно справување со КОВИД-19. Станува збор за заем од 90 милиони евра со кој ќе се опфати здравствениот сектор, ќе се обезбеди привремена поддршка за социјална помош и привремена поддршка за надоместок во случај на невработеност. Во делот на здравствениот сектор, проектот е насочен кон подобрување на дел од здравствените установи, но и обезбедување лабораториска опрема и истиот е од големо значење за зајакнување на јавното здравство и справување со предизвикот од оваа пандемија.

Воедно, ќе се усвои и Законот за задолжување за проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, во висина од 25 милиони евра. Средствата од заемот ќе се доделуваат на општините и на јавните здравствени установи за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на јавните згради. Истиот ќе се спроведува преку проектната единица на Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги – МСИП, со поддршка од Светска банка.

На средбата се дискутираше и за Проектот за модернизација на земјоделството во износ од 50 милиони евра, од кои 46 милиони се заем од Светска банка, а 4 милиони евра грант од ЕУ, чијашто реализација ќе се овозможи по усвојување на Законот за задолжување кој исто така е во собраниска процедура. Проектот опфаќа изградба на откупно-дистрибутивни центри, изградба на кафилерија за собирање и еколошка преработка на нуспроизводите од животинско потекло и заштита на средината, како и ново софтверско решение за евиденција и пристап до сите информации за секоја парцела. Истиот го спроведува Министерството за земјоделство и веќе е одобрен од страна на Светска банка.

Паолучи потенцира дека Светска банка и понатаму ќе ја поддржува нашата земја преку инвестиции во патната и енергетската инфраструктура, во развој на човечкиот капитал како и во делот на обезбедување подобар пристап до социјалните услуги.

Next Post

Ангеловска-Бежоска на гувернерски состанок на БИС: Да се работи на натамошно јакнење на сајбер-безбедноста на финансискиот сектор

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk