ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе се менува постапката за изборот на надзорот на градбите за да се спречи спрегата со градежните фирми

September 14, 2020 10:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови законски решенија во градежниот сектор, промени во постапката за избор на надзорот на градбите за да се спречи спрегата со градежните фирми, градење по план, инвестиции во комунална инфраструктура. Тоа се дел од ветувањата на Владата во новата Програма за наредните четири години. Целта е целосно усогласување на системските закони што ја регулираат областа на градежништвото и урбанизмот, јакнење на инспекцискиот надзор и надлежностите на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам преку воведување регионални урбанистички инспектори, како и подобрување на квалитетот на градбите.

-За да го зајакнеме квалитетот на градбите кои ги финансира државата и да обезбедиме поголем интегритет при тендерите за градба и нивната реализација, ќе воведеме централизирано спроведување на избор на компании за надзор над градба на проектите. Потоа, за секој проект по случаен пат ќе се распределува надзорот, со што ќе се оневозможат спрегите помеѓу градежните фирми и надзорот кои секогаш се на штета на државата и граѓаните, ветува Владата.

Најавуваат дека во соработка со локалната самоуправа ќе продолжат да спроведуваат политики на хумано планирање и уредување на просторот преку акциски планови и реализација на годишната програма за просторно планирање за населените места кои немаат изработено урбанистичка документација.

Со тоа Владата смета дека ќе се обезбеди долгорочен и одржлив економски, социјален и демографски развој на населените места.

Според најавите,  недела треба да стартува примената на новиот Закон за урбанистичко планирање, изгласан во декември лани, а подготовката на Правилникот се оддолжи поради корона кризата. Законот треба да обезбеди голема транспарентност и учество на сите засегнати страни во процесот од планирање па се до носење на плановите.

Правилникот ги утврдува стандардите и нормативите за урбанистичко планирање со кој се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот преку ефикасно зачувување на просторните ресурси, се создава унапредување на условите за хумано живеење, се сочувува квалитетот и се унапредува животната средина како и недвижното културно наследство, велат од Министерството за транспорт и врски.

Со овој Закон се воспоставени нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови, пракса која првпат се јавува во оваа дејност и е единствена опција за решавање на состојбите во урбанизмот.

Во тек е и подготовка и на целосно нов закон за градење, а во однос на дивоградбите владејачкото мнозинство во декември лани  достави Предлог закон до Собранието, но не беше изгласан, откако беше распуштено Собранието за планираните предвремени парламентарни избори за 12 април, а што подоцна беа одложени по кризата со КОВИД-19. Со законот се предвидуваше нов рок за легализација на дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, односно дивоградбите што не беа опфатени со актуелниот закон. Исклучок од можноста за легализација беа дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион. За легализација требаше да се платат комуналиите плус казна од 50 проценти од износот за комуналии.

По уривањето на дивоградбата пред ТЦ „Мавровска“ во Скопје со механизација на Јавното претпријатие за одржување на патишта, на што му претходеше одлука на Владата, новиот министер за транспорт Благој Бочварски упати апел до сите градоначалници спроведат постапки за избор на фирми што ќе ги урнат дивоградбите во општините врз основа на донесени решенија.

-Апелирам до сите локални самоуправи и до сите градоначалници да си ги спроведат постапките за избор на фирми коишто ќе вршат ваков тип извршување после завршени постапки и после инспекциски надзор со донесено решение за уривање на одреден нелегален објект.  Во таков случај општините треба да си ги преземат своите одговорности  и да ги решават овие проблеми, бидејќи тие се на локалната самоуправа, изјави Бочварски.

Анализата на статистиката покажува дека на територијата на државава лани биле регистрирани нови 866 дивоградби, од кои 852 се во приватна сопственост, додека има и 10 дивоградби во државна сопственост.

Во главниот град се регистрирани 153 дивоградби од различен вид, најмногу во Чаир, 45, по што следи Ѓорче Петров со 39, Бутел со 37, Кисела Вода 22, Шуто Оризари 10. Во останатите општини низ државата, во Кавадарци се регистрирани 85 дивоградби, Струмица 73, Штип 64, Охрид 59, Куманово 53, Струга 46, ..

Во делот од програмата насловен „Градиме по план“ е наведено и дека Владата ќе го насочи фокусот на изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе обезбедат 100 милиони евра за сите општини  во државата.

-Како еден од клучните приоритети останува изградбата на пречистителни станици за отпадни води. Овие проекти придонесуваат за нормален живот овде во државата, но и даваат придонес за почиста и поздрава животна средина. Ќе бараме, пред сè ,од локалните самоуправи, да аплицираат со своите приоритетни проекти во делот на комуналната инфраструктура. Само така ќе придонесеме за развој на силни рурални средини што се развиваат во вистинската насока, стои во програмата.

Нашата цел, како што потенцираат, е да ги подобриме условите за живот и да го подигнеме животниот стандард на сите граѓани.

-Максимално сме фокусирани на унапредување на комуналната инфраструктура преку изградба на водоводи, канализации и пречистителни станици, како и реконструкција на постојната комунална мрежа. Инвестирајќи во комуналната инфраструктура, не само што ќе обезбедиме подобар живот за граѓаните, во индустриските зони ќе овозможиме подобри услови за работа на компаниите, ќе ја заштитиме животната средина и ќе придонесеме за здрав живот и поздрава околина, стои во владината Програма.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Еланга од Форест во Њукасл за 55 милиони фунти

July 8, 2025

Филипсен опериран по несреќата на Тур Де Франс

July 8, 2025

Фредериксен: Мора да ги донесеме Украина, Молдавија и Западниот Балкан поблиску до Европа

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk