ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шахпаска: Беспредметно е останувањето дома на родителите по отворањето на градинките

September 15, 2020 17:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Беспредметно е останувањето дома на родителите на деца од предучилишна возраст и родилките по отворањето на градинките, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

-Со вчерашната одлука на Владата родителите на деца до 6 години се враќаат на работа на 23 септември. На 9 септември почнаа да работаат градинките и Центрите за ран детски развој. Тие почнаа да работаат согласно протокол, кој јасно ги дефинира условите за безбеден престој на децата во градинките и кој го сведува ризикот од зараза од Ковид-19 на минимум, вели министерката Шахпаска.

Таа соопшти дека анализите што ги има направено Министерството за труд и социјална политика до 2 септември, говорат дека има простор за сместување на 19.000 деца, а интерес за сместување пројавиле 14.555. Во градинките уште на самиот почеток имало слободни 4.500 места.

-Приоритет имаа деца на самохраните родители и оние чии двајца родители се вработени. Оттука, потребата на овие родители да не одат на работа по отворањето на градинките е беспредметна. И затоа Владата јасно ја дефинираше одлуката вчера, дека родителите на овие деца треба да се вратат на работа, нагласи министерката.

Таа рече дека информациите кои дневно ги добиваат од градинките, говорат дека, дел од родителите не ги носат децата во градинка, иако ги запишале.

-Нашите сознанија говорат дека капацитетот на градинките не е исполнет и оти има простор за сместување на дополнителен број деца, нагласи Шахпаска.
Министерката смета дека продолженото породилно боледување ја губи смислата со отворањето на градинките.

-Тие родители ги чуваа своите дечиња затоа што градинките не функционираа. Оттука на вчерашната владина седница беше донесена одлука родилките коишто подолго од законски предвидениот рок за породилно боледување останале дома да се вратат на работа, вели Шахпаска.

Таа нагласи дека државата мора да функционира и системот мора да работи, а според процените на здравствените власти, најмалку ризична група се децата и тие треба да се вратат во градинка.

Министерката потенцира дека Владата ја следи состојбата, а во Министерството за труд и социјална политика е формирана Комисија составена од вработени за детска заштита, но и инспектори, кои одат на терен и ја следат состојбата во градините, во однос на тоа дали се почитуваат протоколите за заштита.

Појавата на вирусот Ковид-19 во неколку предучилишните установи, според министерката Шахпаска, се инцидентни случаи.

Next Post

Милиони мртви птици преселници во САД и Мексико

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk