ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

„Насилство пред Општина Центар“ продолжува на 24 септември со завршни зборови на обвинителството

September 17, 2020 12:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 24 септември со завршни зборови на обвинителството, откако на домашното рочиште заврши доказната постапка.

Судот на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.

Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци се отфрлаат како неосновани, бидејќи не се однесуваат на нови околности.

На денешното рочиште одбраната изведе дополнителни материјани докази, кои судот прифати да бидат изведени во дополнителна постапка.

Одбраната на Миле Јанакиески, на почетокот на денешното рочиште за  побара од судот во дополнителна доказна постапка да бидат сослушани Ивица Коневски и Кирил Божиновски, како и да бидат презентирани сите прислушувани разговори, доколку постојат такви, меѓу нивниот клиент и лицето Томислав Лазаров.

Обвинителот Бубевски,  во однос на предлозите на одбраната рече дека дополнителните материјалните докази, кои се документи и записници, се прифатливи.

–  По однос на останатите докази сметам дека од веќе изнесените докази се искристализира дејството на овој криволно правен настан и нема потреба да бидат прифатени. Во однос на вербалните докази, сите кои беа веќе предложени беа повикани. Дел беа сослушано, а дел не дојдоа и сметам дека нема потреба од дополнително оптоварување на постапката, изјави Бубевски.

Миле Јанакиески, пред судот, рече дека како одбрана предложиле 15 сведоци и досега не е сослушан ниту еден, и побара за разбирање од судот и да му бидат прифатени барем 2-3 сведоци.

Обвинетиот Александар Трајковаки, побара од Судот да биде сослушан владиката Агатангел.
Сослушување на владиката Агатангел, побара и адвокатот по службена должност на Никола Груевски.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

 

Next Post

Заев: Разговаравме, во пријателски дух, да им покажеме на сите што значат две пријателски земји

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk