ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Излекувани повеќе од 80% од децата со акутни леукемии

September 19, 2020 15:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во чест на сите деца кои се борат со малигни заболувања, денеска на Градскиот плоштад во Скопје се одржа настан во организација на Универзитетската клиника за детски болести, со кој се одбележа „Златен септември“ – месец за поддршка на децата со малигни заболувања, под мотото „Убаво е да бидеш јас“.

Целта на „Златен септември“ е да се подигне свесноста кај јавноста за овие болести кај децата и адолесцентите, за сите аспекти на нивната борба со канцер, како за времето поминато во болница така и за периодот по враќањето дома, пренесе А1 он.

– Септември е месец за подигнување на свесноста за детските малигноми. Во нашата земја, најтешките случаи на деца кои имаат малигна болест се лекуваат на Клиниката за детски болести, благодарение на инфраструктурата и секако огромната експертиза којашто ја имаат лекарите кои работат на оваа клиника. Во изминатиот период инвестиравме многу. Нема дете за коешто нема биолошка терапија. Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%. Во овој момент целосно се реновира одделението за детска онкологија. Малку се успорија работите поради коронакризата, меѓутоа договорена е динамика со којашто целосното реновирање треба да заврши на почетокот на 2021 година во месец јануари, изјави министерот Филипче и од позиција на лекар, истакна дека нема поголемо задоволство кога дете насмеано си заминува од болница.

Д-р Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести, вели дека Одделот за хематологија и онкологија при Клиниката е единствена специјализирана педијатриска болница во земјава каде се дијагностицираат и лекуваат деца со малигна болест на возраст до 14 години.

Од почетокот на 2020 година до денес дијагностицирани се вкупно 22 пациенти со малигна болест, од кои 14 деца се со акутна леукемија.

Извор:А1 он

Next Post

Финансиска поддршка за технолошки развој за 87 компании, најголем дел се микро претпријатија

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk