Автомобилистот Игор Стефановски Иџе победи на патеката Валелунга во италијанскиот ТЦР шампионат. Ова е негова прва победа, откако во Имола го освои второто место на втората трка, пренесе Телма телевизија.
???? pic.twitter.com/1hyYuLZ8KZ
— Igor Stefanovski (@IdzeStefanovski) September 20, 2020
Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.
Стефановски стартуваше од пол-позицијата и го задржа првото место од почеток до крај на трката, со тоа стигнувајќи и до прва победа на Валелунга.
Стефановски се наоѓа на 10 место во генералниот пласман. До крајот на првенството остануваат уште два викенда.
Извор: Телма.