СДСМ: Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет мерки.
МФ: Воведување даночен календар за подобро бизнис окружување.
ДОБРОСОСЕДСКИТЕ односи и ЕУ во фокусот на надворешната политика, недоразбирањата со Бугарија да се решат со интензивна комуникација.
КОМИСИЈАТА одлучува за целодневна настава, МОН понуди солуција за децата кои немаат ИТ-уреди.
ПEНДАРОВСКИ со писмо до Вартоломеј: Употребете го своето апелационо право, нашите граѓани од православна христијанска вероисповед да бидат еднакви со другите во светот.
ХОЛШТАЈН: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион.
ТРПКОВА: Неопходно е длабинско реобмислување и рекреирање на медиумскиот простор од независни креативци.
ВЛАДАТА ќе го стартува проектот „Ѕвезда плус“, субвенции за угостителите, канцеларија за планински туризам и достапни археолошки локалитети.
ВО Скопје санкционирани 339 возачи.
МВР регистрира 701 прекршок за неносење маски.
ВO Лондон судир меѓу полиција и демонстранти, најмалку 32 уапсени.
ВO Москва повеќе од 60.000 доброволци за руската вакцина.
ТРАМП го одобри договорот меѓу ТикТок и Оракл.
БРОЈОТ на заразени со коронавирусот во светот надмина 31 милион.