ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид-19 во светот: Бројот на досега регистрирани случаи надмина 32 милиони

September 24, 2020 21:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 32.209.019 лицe. Од нив починале 983.767 пациенти, а оздравеле 23.752.955 луѓе.

– Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаи на Ковид-19, а починаа девет лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 16.627, а починаа 366 лица

– За првпат по еден подолг период,во последното деноноќие во Албанија нема починати лица од Ковид-19. Новозаразени се 134, додека оздравеле 100 лица. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 83.103 тестови, вкучувајќи ги и последните 852. Позитивен резултат е добиен кај 12.921 лице, во списокот на оздравени се впишани 7.239, починале 370, дедека активни на болеста се 5.312 лица од нив во двете ковид болници се хоспитализирани 186 пациенти.

-Во Косово во изминатите 24 часа немаше ниеден починат како последица на Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата остана 616. Од вчера извршените 592 тестирања (64.320 од појавата на заразата), како носители на коронавирусот резултирале 63 лица, со што бројката на заболени од почетокот на пандемијата достигна до 15.333. Вклучително вчерашните 87 излекувани, бројката на лица кои ја совладале болеста се искачи на 12.987. Активни носители на вирусот моментно се 1.730 лица.

– Во последните 24 часа во Италија биле тестирани 103.696 граѓани, а биле регистрирани 1.640 заразени лица. Од последниот пресек, уште 20 лица починаа како резултат на инфекција со новиот коронавирус. Со вкупно 35.758 смртни случаи, Италија е на второто место во Европа по бројот на жртви веднаш по Велика Британија. Италија значително го зголеми бројот на тестови во последните шест месеци, па затоа во моментов се тестираат 100.000 граѓани на ден.

– Во изминатите 24 часа, во Бразил се регистрирани 33.281 нови случаи и 869 лица починати. Според Министерството, вкупно повеќе од 4,6 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Бразил, додека досега починале 138.977 лица. Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени со вирусот по САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи, по САД.

– Индија денеска пријави нови 86.508 нови случаи на заразени, а вкупниот број надмина 5,7 милиони. Индија е на второ место во светот по бројот на потврдени случаи на Ковид-19, по САД. Индиското Министерство за здравство објави дека уште 1.129 лица починале од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 91.149. Индија е на трето место во светот според бројот на смртни случаи, по САД и Бразил.

– Според денешните податоци на институтот Роберт Кох, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 2.143 на 278.070. Уште 19 лица починаа од вирусот, а од почетокот на пандемијата починаа 9.428 лица.

– Во последните 24 часа, потврдени се нови 6.595 случаи на коронавирус во Русија, што е најголемо дневно зголемување од 12 јули, објави Кризниот штаб. Вкупниот број на заразени сега е 1.128.836, а Русија е четврта во светот според бројот на потврдени случаи. Од последниот извештај, други 149 лица починаа, со што вкупниот број на жртви достигна 19.948 лица.

– Во последните 24 часа во Унгарија се потврдени 750 нови случаи на коронавирус, а седум лица починаа, објавено е на владината веб-страница за следење на епидемијата. Во таа земја во моментов има 15.673 активни случаи. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 21.200 лица, од кои 709 починале.

– Во изминатите 24 часа, во Бугарија се регистрирани 160 нови случаи на Ковид-19, 51 повеќе од претходниот ден, а уште 12 лица починаа, соопштија бугарските здравствени власти. Вкупниот број на случаи во Бугарија достигна 19.283, а досега се опоравиле 13.867 пациенти, додека во моментов во болница се 726 лица, од кои 29 се на интензивна нега.

– Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 232 новозаболени лица и четири смрни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Тестирани беа 5.351 лице. Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 1.200. Меѓу нив, 266 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.  Од почетокот на епидемијата во Хрватска, заразени се 15.572 лица, од кои 261 починаа.

– Во последните 24 часа беа потврдени 122 нови случаи на коронавирус во Словенија, врз основа на 2.848 тестирани примероци, објавено е на владината веб-страница за спречување на епидемијата. Двајца други пациенти починале претходниот ден.Од почетокот на епидемијата во Словенија, вкупно се заразени 4.816 лица, од кои 145 починаа.

– Во Полска се потврдени 1.136 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Вкупно 82.809 случаи на коронавирус се потврдени во Полска, а 2.369 лица починале како резултат на инфекцијата.

– Втор ден по ред има најголемо дневно зголемување на бројот на новоинфицирани со вирусот во Словачка. Во претходните 24 часа беа регистрирани 360 нови случаи во таа земја. Вкупниот број на заразени во Словачка на тој начин се искачи на 7.629, а беа забележани 41 смртни случаи, што е една од најниските стапки на смртност во светот./МИА/

Next Post

Вечерен преглед на вести: Заев - Решени сме да воспоставиме функционална правда; Има доволно затвори за да се сместат криминалците од земјата, вели Маричиќ

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk