ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава, цел на Берлин и очекување на властите на Северна Македонија

September 25, 2020 07:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одржување на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со која се означува старт на преговорите за членство, до крајот на годината за време на германското претседателство е цел и очекување на официјален Берлин, но и на власите во земјава. Прашањето за првата Меѓувладина конференција вчера повторно се отвори откако изминатиот период по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки со кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик дојде, до затегнување на односите на реалција Софија-Скопје.

Реакциите следеа по изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој рече дека Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата Меѓувладина конференција за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

 

Тој за за бугарската ТВ Европа истакна дека никој не сака да се воведат нови критериуми за Северна Македонија, но оти постои многу јасен услов на ЕУ: секоја земја кандидат за членство мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори.

– Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година многу јасно кажавме дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, вели Каракачанов.

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, пак, вчера го повтори ставот на Берлин дека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво.

–Нашата цел е првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на нашето претседателство со Советот на Европската Унија и сме оптимистични дека тоа ќе се случи, изјави Холштајн за МИА.

 

Германската амбасадорка одговорајќи на прашањето на МИА да даде коментар на состојбите на добрососедство на Балканот, но и на изјави на високи бугарски претставници дека сега не е време за меѓувладина конференција, нагласи дека таа неколку пати на оваа тема има изјавено дека став на Германија е –  билатералните прашања треба да се решаваат билетерално.

-Проширувањето на ЕУ сметам дека е и во голем интерес на Бугарија и затоа сум на мислење дека сигурно ќе се најде решение. Бугарија отсекогаш била голем поддржувач на европеизацијата на регионот. Наша цел е  таа конференција да се одржи уште во времето на нашето претседателство во Советот на ЕУ.  И ние сме оптимистични и дека ќе се успее во тоа, истакна германската амбасадорка Холштајн.

За бугарско-македонските односи во светло на најновите случувања, но и во насока на нашите евроинтегративни процеси вчера говореше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој порача дека Северна Македонија сака да се приклучи кон ЕУ во која придавката „европска“, подразбира европски манири, како и дека првата Меѓувладина конференција треба да се одржи до крајот на годината, со што ЕУ ќе ги зајакне својот кредибилитет во регионот.

 

-Многу е тешко да се одржи значењето на тој термин ако сме предизвикани од нешто што не треба да биде проблем во Европа на 21 век, за тоа кои сме и каков јазик зборуваме. Ова е прашање кое е внатрешно, кое е во срцето на нашиот суверенитет и во нашето право на самоопределување и самоизразување, рече Димитров. Тој вчера на конференција осврнувајќи се на односите со соседите во процесот на пристапување кон ЕУ, рече дека со Бугарија започнавме многу добар процес на градење пријателство кога одлучивме да го ратификуваме Договорот за пријателство и добрососедство.

-Ние имаме интерес да имаме голем пријател во Софија. Имаме интерес за блиски односи, интерес да навлеземе во подлабоките делови на нашиот договор за пријателство, што се однесува на продлабочување на економијата, трговијата, туризмот, културата, животната средина, безбедносни прашања… Мислам дека има и влог за Бугарија и можам да кажам дека предизвикувањето на македонскиот јазик веројатно не е добра стратегија ако сакате да ги освоите срцата и мислите на македонските граѓани, оцени Димитров.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, вчера истакна дека од нашите сојузници, вклучително и од пријателска Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат. За Шекеринска изјавите како таа нејзиниот бугарски колега не помагаат и не се во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

 

–  Ако нешто научивме во овие 30 турбулентни балкански години е дека емоциите не се добар сојузник во решавањето на билатералните прашања. Ние покажаваме дека со сите наши соседи можеме да бидеме пријатели. Покажаваме и дека сме подготвени да инвестираме во таков сојузнички однос и ќе продолжиме да градиме и понатаму таква политика. Очекуваме нашите сојузници и нашите пријатели да му помогнат на регионот, а не да му одмагаат. Единствен начин да му помогнеме на овој регион е да му дадеме шанса да има подобра и европска иднина, рече Шекеринска.

Премиерот Зоран Заев најави дека на почетокот на ноември ќе ја посети Бугарија и ќе се сретне со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, при што ќе направи обид на политичко ниво да ги изглади разликите, кои се појавува по бугарскиот меморандум. Најави дека една од темите на разговор ќе биде и Гоце Делчев.

Заев изрази очекување дека дискусијата за преговарачката рамка во Брисел ќе има успешна завршница на Советот на општи прашања, односно на ГАК на 10 ноември по што, како што истакна, ќе биде реално да очекуваме одржување на првата Меѓувладина конференција во декември./MИА/.

Next Post

Словенечкиот претседател Пахор во официјална посета на С.Македонија

Shortcut

Најново

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk