ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Хоџа: Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците и прилагодување со агрополитиката на ЕУ

September 26, 2020 17:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во наредните четири години земјоделството и руралниот развој ќе ги поддржиме со годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра и ќе вршиме навремена исплата на субвенции по принципот 30 отсто од висината на субвенциите за основните мерки да се исплаќа 30 дена по одобрувањето, а 70 отсто според календарот за исплата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

-Во следните четири години ќе работиме на креирање на политики кои се во согласност со генералните обврски и насоки на државата за приспособување кон заедничката земјоделска политика на ЕУ. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки преку искористување на сите природни ресурси што ги нуди нашата држава, рече Хоџа при презентацијата на мандатното писмо.

Вети дека ќе обезбедат услови за порентабилно земјоделско производство преку зголемување на  кофинансирањето на трошоците за набавка на  зелена нафта.

-Годинава државата  покрива 50 отсто од трошоците, а овој процент секоја година ќе се  зголемува и до крајот на 2024 година ќе биде 100 отсто субвенциониран, посочи Хоџа.

Ќе го продолжиме, додаде, процесот на консолидација, односно опкрупнување на  земјоделското земјиште, ќе ги мотивираме младите земјоделци до 40 години да останат во земјоделството преку  доделување на грантови до 20.000 евра и ќе ја зголемиме поддршката за жени земјоделки до крајот на 2024 година.

-Ќе биде формиран Интервентен фонд во програмата за директни плаќања, а наш приоритет ќе  биде инвестирањето во инфраструктура на пасишта во јавно-приватно партнерство и градба на брани и системи за водоснабдување, потенцира Хоџа.

Посочи дека нашата држава годинава се наоѓа во еден од најтешките пеироди пред,како што рече, најголемиот предизвик, справување со глобалната закана за здравјето на луѓето – вирусот Ковид-19.

-Но, покрај ризиците за здравјето на луѓето последиците од оваа глобална пандемија има економијата вклучувајќи го и земјоделството. Токму здравствената криза покажа  дека домашното производство на  храна и земјоделски производи е најважно, нагласи Хоџа./МИА/.

Next Post
foto: GEORGI LICOVSKI

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Тиквешијата, меѓу новозаразените e и здравствена работничка од ЈЗУ Неготино

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk