Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и сè уште е член на партијата, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.
По партиските препукувања на денешната седница на советот на општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев јавно апелираше сите да ги надминат партиските интереси и нагласи дека само со работење во интерес на сите граѓани, може да се постигне добар резултат во општеството.
Gepostet von КТВ-телевизија am Freitag, 25. September 2020
– Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, ако од двете страни го постигнеме истото, а и вие тоа го сфатите во општеството, државата ќе ни стане како Швајцарија – порача Јанчев.
Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.