ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ИКТ индустријата значително задоволни од новиот пакет економски мерки на Владата

September 27, 2020 08:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Вчеравечер во Владата беа презентирани четвртиот сет на предлог мерки за помош и поддршка на бизнис заедницата која е значително оштетена од корона вирус кризата.

Во овој сет на мерки, ИКТ индустријата и заложбите на МАСИТ се значително покриени, известуваат МАСИТ на официјалната Фејсбук страница, после вчерашната средба во Владата.
Тие информираат за сегментите кои се покриени со четвртиот сет мерки кој денеска треба да се изгласа во владата, а е во интерес и на ИКТ индустријата:
  • Од 01.01.2021 година пресметката за персонален данок почнува скалесто да опаѓа од 10% на 0% до крајот на 2023
  • Засметување на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, валидно од 01.01.2021
  • За признаени расходи ќе се сметаат голем дел од трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар, валидно од 01 01.2021
  • За признаен расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг, валидно од 01.01.2021

– Остнуваат на сила мерките за субвенции на плата, одложено плаќање на ДДВ, без каматни кредити за оштетени компании и многу друг. Следен чекор е предлог четвртиот сет на мерки да бидат усвоени од страна на Парламентот следната недела со цел дел од нив да стапат на сила од 01.10.2020 година, велат од МАСИТ.

Четвртиот пакет економски мерки е тежок 350 милиони евра и е продолжение на претходните три пакети и сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на одржаната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) во Владата.

Од страна на членовите на Економско-социјалниот совет, е констатирано дека четвртиот пакет економски мерки е доста обемен, со оглед на тоа дека се опфатени и компаниите со цел поддршка за нивен опстанок во време на корона пандемијата, задржување на работните места и поддршка на граѓаните и дека вклучува поддршка и помош за најпогодените сектори и категории на граѓани.

Од содржината на четвриот пакет мерки задоволство изразија и стопанските комори, кои имаа средба со премиерот Зоран Заев и економскиот тим министри завчера на која им беше презентиран сетот мерки.

Ј. Ѓ.

Next Post

Утрински преглед на вести: Четвртиот пакет мерки тежок 350 милиони евра денеска пред Влада, ИКТ индустријата значително задоволни, лажни вести со фотографија од Малта

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk