ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ринење на триумфекалијата

September 27, 2020 14:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Што се случува кога ќе се спојот елементарната неписменост и природната глупоќа, со амбициите да се биде морален, уметнички, урбанистички и архитектонски, односно културен и естетски арбитар. Во ликот и делото на еден смрдеж со диплома од Архитектонскиот факултет во Скопје и со референци кои беспоговорно укажуваат на тоа дека градот и општеството, македонската нација, посебно, демек, сите ние, си имаме работа со еден од поистакнатите манијаци меѓу нас.

„Иако можеби на еден начин Порта Македонија е копија на Триумфалната порта во Париз која ја изградил Наполеон Бонапарта сепак нејзиното уривање би претставувало антицивилизациски чин, затоа што на неа преку релјефи е поставена целата историја на Македонија.“

Нека да ги прескокнеме за момент лексичко-синтаксичките аспекти на овој ментален прдеж на Божиновски, за да обрнеме внимание на другите моменти на овој гас кој пред малку излезе од дебелото црево на овој скот:

Како може скинатата бетонска маска за ковид-19 врз лицето на Македонија да биде копија на грандиозната париска градба која е, меѓу другото, вселенски комуникациски код на мајката Земја. Со историски и уметнички, симболички и реални значења кои во „нашата копија“ може да ги препознае само македонски копук од вморонска провиниенција? Во таа танга што не е ниту за газот на Македонија затоа што е од бетон и македонското дупе не може да ја џвака и да ја дразни околината со својата јебозовност. Која, инаку, недвојбено ја поседува. Помалку иритантно е да кажеш дека Тања Кара Ками Шева е копија на Брижит Бардо или дека Ванковска е плукната Натали Вуд или Кетрин Зета Џонс, отколку дека грозомората кај Чичко Стоилко е копија на Триумфалната арка. 

Затоа и се вели дека скопската порта е Триумфекална!

Второ, иако е копија, пишува Вангелчо, нејзиното уривање би претставувало антицивилизациски чин затоа што на неа преку релјефи е поставена целокупната историја на Македонија.

Туф, туф, туф.

Прво, покажавме дека таа накупина бетона, не е никаква копија, туку е оригинално дело на највозвишената македонска примитива и брбошност на газот на историјата и на светот. Никакви релјефи не можат да ја покријат таа грозомора, обратно, тие се вклопуваат во оваа злодело со својот патос и со идејата да бидат цреша на тортата од едно големо говно. Кое ниту Микеланџело, Мур и Роден заедно, не би можеле да го отсмрдат.

Второ, цивилизацијата е процес на непрекинато градење и уривање, цивилизацијата не е утврдување на секој исерок на животното што успеало да се исправи на две нозе и да рече јас сум вмро, многу ја сакам Македонија, особено нејзината смрт, како посебна нација и држава! Цивилизацијата се легитимира преку отстранување на идиотизмите што ги правела во времето кога била пијана или имала тешка мигрена и забоболка или, просто, во времето кога знаела да ја боли онаа работа. Триумфекалната капија во Скопје е таков објект според сите сто критериуми од можни сто: естетиката, чирската функција во комуникацискиот стомак на градот, историската празнина што треба да ја закрили и претвори во триумф, временската одлепеност (такви глупости веќе никој не гради) итн. итн. 

Можеби најголемото зло што зрачи од овој објект, впрочем како и од сите објекти во проектот Скопје 2014, е улогата во културното формирање на младите луѓе во монструозноста и лагата што им се принесени за нив и за нивната нација преку овие чудовишта, за што многу убаво пишува професорот Грчев. Јас пак не еднаш сум рекол дека тие вморонски шлајмови со кои е исплукана Македонија, се исплукани со идеја Македонија да се понижи како субјект чија полновредност ја доведуваат во прашање, имено, ваквите градби кои никој, кој минимум држи до себе и има некакви принципи и критериуми, не би си ги дозволил. Бугарите сакаат да го земат Гоце, океј, немам ништо против, но вмро се обиде да ни ја земе смислата за убавото, за боите, за вкусовите, за сеќавањата, што е, всушност, обид да бидеме елиминирани со вишоци македонство, ама глупо што поглупо не може да биде. Со македоницентрилност од која Македонецот ја губи врската со светот и со себе, исчезнува, од човек се сведува на вртежот во главата.

Инаку верувам дека целокупната историја или нешто блиску до целокупната историја е прикажана на триумфекалните рељефи, но тоа е само причина повеќе оваа огромна тртка да се тргне од лицето на Македонија. Од нашите лица.

Како и споменикот на Мајка Тереза. За уривање нека се подготви и Спомен куќата на светицата. Тој непогрешлив знак дека тука живеат луѓе без смисла за убавото. И авторот нека се подготви за уривање на можноста да учествува во изградбата на каков и да било објект од општата каса. Приватно може да проектира и гради ако може да најде некоја доволно голема будала со доволно многу пари. Таа парадна шуплина одигра не мала улога во претворањето на пристојниот Македонец во вморонска будала.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk