ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Архитекти: Употребната вредност на Порта Македонија е нула и мора да се сруши

Кога имате власт мора да имате и одговорност. Владата мора да донесе одлука, ако не го руши објектот, да каже јавно, и никој повеќе да не се занимава со ова прашање, или ако реши да го руши, тоа да го направи, а не да чека некој друг да го направи, и да ја понесе одговорноста, вели Мартин Пановски.

September 28, 2020 20:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Употребната вредност на Порта Македонија е нула и мора да се сруши, вели за Слободен печат Мартин Пановски, претседател на Асоцијација на архитекти.

– Порта Македонија мора да се сруши, овој објект има употребна вредност нула и сѐ уште не е направена економска анализа за потрошените, односно украдените пари за изградбата на овој објект кој е срам за архитектите. Владата и Општина Центар мора да имаат усогласен став околу ова прашање, а од одговорност не смее да бега никој. Кога имате власт мора да имате и одговорност. Владата мора да донесе одлука, ако не го руши објектот, да каже јавно и никој повеќе да не се занимава со ова прашање, или ако реши да го руши, тоа да го направи, а не да чека некој друг да го направи и да ја понесе одговорноста, вели Мартин Пановски.

Пановски беше член на работна група за изработка на анализа за реализацијата и последиците од проектот „Скопје 2014”, од истата си даде отставка откако Владата не го зеде во предвид елаборатот со кој се бара да се отстрани споменикот на Мајка Тереза.

– Доколку не почнат да се рушат спомениците и фасадите од „Скопје 2014“, јас тоа ќе го сфатам како порака дека и оваа влада го признава проектот „Скопје 2014“.  Дебата за оваа тема не треба да има бидејќи ставот на Асоцијацијата на архитекти е јасен уште од 2010 година, и истиот е непроменет, додава Пановски.

Премиерот Зоран Заев порача да не се руши Порта Македонија

Премиерот Зоран Заев кажа дека мислењето дадено од Владата до Општина Центар не укажува дека треба да се руши кој било од објектите, туку било препорака ДУП-от да се разгледа и усогласи со мислењата дадени од самите стручни комисии формирани од извршната власт.

„Објектот Порта Македонија не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај. Низ уличната мрежа секојдневно минуваат пешаци и возила односно има непречена комуникација“, рече Заев.

Професорот Љубомир Фрчковски, познат по најавите дека со француски клуч ќе ги руши спомениците од Скопје 2014,  ја разбира Владата која ретерира по однос на рушењето, затоа што според него, не сака да предизвика протести, но се уште е за уривање на спомениците и ја поздравува одлуката на Општина Центар за порадикално расчистување на, како што вели споменичкиот кич.

– Темата за рушење не била директно отворена, можеби мора да живееме со тоа. Aко веќе не можат да се срушат, треба да се направи проценка за да се спасат објектите од нивната одвратна присутност. Постојат уметнички интервенции, како на пример за Порта Македонија, може да се интрервенира давајќи ги на авангардни уметници, кои на објектот ќе му дадат друг изглед, вели Фрчковски.

За потсетување, претходно беше објавено дека Владата на Македонија доставила барање до општина Центар од новиот детален урбанистички план „Мал ринг“ да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза.

Next Post

Заев: Критиките на опозицијата се без аргументи, како да им пречи што економските мерки се наменети за граѓаните од различни категории

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk